01:26 - 6 април, 2026

(Фото) Двојна прослава во семејството на Цеца: Вељко Ражнатовиќ се огласи со најемотивните зборови досега

Лидија Оцокољиќ, сестрата на српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, вчера го прослави роденденот, а по тој повод беше организирана мала семејна веселба. Бидејќи не пропушта ниту еден важен настан на членовите на своето семејство, синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ од Тител допатува во Белград и тоа со огромен букет цвеќе. Роденденот на Лидија Оцокољиќ беше причина, меѓу другото, Вељко да ја покаже својата емотивна страна.

Имено, тој на својот инстаграм-профил објави фотографија од својата тетка и подарокот што ѝ го купил, со зборовите:

– Среќен 23-ти роденден на мојата втора мајка – кој истовремено се пошегувал за годините на тетка му Лидија.

А, покрај тоа, Вељко напишал и:

– Што зеде ти, голема главо – се обратил Вељко шеговито на најстариот син на Лидија, Виктор.

Вељко никогаш не криел колку е приврзан за својата тетка, а колку љубов чувствува кон неа покажа и кога го истетовира нејзиното име. Лидија, како што призна Цеца, целиот свој живот го подредила на неа и на нејзините деца, а пејачката ѝ е исклучително благодарна за тоа, а очигледно и нејзините деца.

Меѓутоа, роденденот на Лидија не е единствениот повод за прослава во домот Ражнатовиќ. Имено, Цеца вчера добила известување дека нејзините песни се слушаат во дури 172 земји, а потоа тоа и го објавила на социјалните мрежи каде им се заблагодарила на сите кои уживаат во нејзината музика.

– Добри вести за крајот на неделата. Ви благодарам многу, ви благодарам најмногу, ви благодарам од сè срце – напиша Цеца.

 

 

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....