03:06 - 5 ноември, 2026

(Фото) Дотерана за 10-ка! Северина на белградскиот аеродром носи чанта од 1.000 евра, која секаде е распродадена

Хрватската пејачка Северина важи за една од најстилизираните пејачки на регионалната естрада, а таква е и кога ќе се појави на аеродром.

Во тоа се уверил и папарацото кога ја фотографирал на белградскиот аеродром целосно дотерана.

Пејачката летела за Скопје, каде викендов имаше голем солистички концерт, а за патувањето избрала тексас издание – кошула и фармерки, со кои искомбинирала бели чизми и клач чанта во иста боја од популарниот луксузен бренд „Жакемус“, чија цена е 1.000 евра и секаде е распродадена.

Северина времето до летот го искористила и за да ја види изложбата за птиците и заштитените видови на аеродромот, но и да се фотографира со воодушевените обожаватели, кои ѝ упатиле безброј комплименти за нејзиниот физички изглед, а на кој може да ѝ позавидат и многу помлади девојки.

Слични објави

Дали сте во врска во која полека се губите себеси? Овие 8 знаци откриваат дека љубовта ве исцрпува

К.С.

(Фото) Сара Јо позираше во провокативно модно издание – црниот фустан од тантела ја истакна нејзината витка фигура

Еспресо

Може да јаде во најскапите ресторани, но вечера ајвар и црн леб: Емина Јаховиќ ја открива тајната на витката линија

Еспресо

(Видео) Спомен стар 30 години го изненади Коки Јанков — обожавателка зачувала тетратка посветена на „Дуле и Коки“

К.С.

(Фото) И сестрата на Мелина се омажила за богаташ: Емина живее во луксуз во Турција, ретко се појавува во јавноста, а еве како изгледа

Еспресо

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо
Се вчитува....