00:28 - 5 април, 2026

(Фото) Цеца на концертот пристигна со бесен автомобил, платила 120.000 евра за луксузното возило: Сите очи свперени во новиот имиџ на пејачката

Српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ синоќа одржала спектакуларен концерт во спортската сала во Смедерево, а доаѓањето на пејачката привлекло големо внимание.

Цеца на влезот ја пречекало нејзиното обезбедување, додека со насмевка излегла од луксузното црно комби, марка „V-класа Maybach“, подготвена да им приреди незаборавна ноќ на своите обожаватели, пренесува српски „Телеграф“.

Овој престижен модел, која неодамна го купила за концертни турнеи, вреди дури 120.000 евра и овозможува врвна удобност во текот на патувањето.

Фотографиите од Цеца и новото возило можете да ги погледнете – ТУКА.

Меѓутоа, покрај скапото возило, сите ја забележале и големата трансформација на Цеца.

Концертот започнал нешто по 21:30 часот, на воодушевување на публиката, иако настапот доцнел поради огромниот метеж. Цеца на сцената се појавила во спектакуларен комплет на италијанскиот бренд „Ермано Сервино“ кој го истакнал нејзиното бујно деколте, додека мини здолништето со светки дополнително го комплетирал нејзиниот гламурозен изглед.

Покрај беспрекорниот стајлинг, пејачката ги шокирала обожавателите со сосема нов имиџ, променувајќи ја бојата и должината на косата.

Цеца насмеана и полна со енергија истрчала на бината и поздравила повеќе од 4.000 луѓе во преполната сала.

– Добро вечер, Смедерево! Гледам дека се зажелевте едни за други и многу ми е мило. Гледам дека сте одлично расположени и јас со вас! Нема да зборувам многу, ајде веднаш да започнеме со песна! Вечерва пееме и се дружиме! – порачала Цеца и го започнала спектаклот, пренесува српски „Телеграф“.

Фотографиите од Цеца можете да ги погледнете – ТУКА:

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....