05:04 - 27 ноември, 2026

(Фото) Цаки „Кисми“ доби снаа — синот Дарио ја запроси убавата Ангела во Палермо

Пејачот Сашо Нојкиќ, попознат како Цаки „Кисми“, има голема причина за славење. Неговиот син Дарио ја запроси својата долгогодишна партнерка Ангела за време на романтичното патување во Сицилија.

Запросувањето се случило во Палермо, на плоштадот „Пјаца дел Парламенто“, каде Дарио клекнал на едно колено и го поставил најважното прашање. Романтичната атмосфера пред катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ го направила моментот уште повпечатлив.

Ангела со насмевка го прифатила предлогот за брак, а новосвршената двојка го овековечила моментот со фотографии на кои позираат прегрнати и среќни, додека таа гордо го покажува вереничкиот прстен.

Среќната вест на социјалните мрежи ја сподели и Цаки, кој им упати кратка, но емотивна порака.

„Честито, сине и Ангела… Да сте среќни засекогаш!“, напиша пејачот.

Под неговата објава веднаш пристигнаа бројни честитки и убави желби од пријателите, колегите и следбениците, кои на идниот брачен пар им посакаа многу љубов, здравје и среќен заеднички живот.

Слични објави

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо

Идентификувани осомничените за палењето на автомобилот на Александра Пријовиќ

Еспресо

Јаков Јозиновиќ откри на што ја потрошил првата голема заработка: „Таа го заслужи тоа!“

Еспресо

(Фото) „Дома за викенд“ : Ѓина Џиновиќ покажа детали од семејниот дом во Монте Карло

apostolova
Се вчитува....