21:06 - 6 ноември, 2026

(Фото) Чола за разголените слики на ќерка му: „Не ми се допаѓа тоа што се слика за на Инстаграм“

Здравко Чолиќ е синоним за југословенска поп ѕвезда, пејач кој ја изгради својата кариера без никакви скандали.

Иако има бројни женски обожаватели, кои и ден-денес воздивуваат по него, неговото срце го освои неговата сопруга Александра, со која има две ќерки – Лара и Уна.

Фото: Инстаграм/Уна Чолиќ

Уна е многу популарнса со своите фотографии на социјалните медиуми, поради што денес има речиси 45 илјади следбеници.

Чола неодамна призна дека му пречи нејзината „изложеност“ на Инстаграм, пренесува српски „Курир“.

„Таа само слика нешто. Ја казнувам, не ми се допаѓа тоа, но не можам да ѝ забранам. Таа е таква. Едноставно, комуницира со луѓето, сака да се слика. Луѓето се сликаат со мене. Но, јас никогаш не сум бил таков – што помалку, толку подобро. Само кога треба, за работа. А, таа е само со телефонот. Не можам да ѝ забранам, што да ѝ правам. Тоа е сосема поинакво отколку што беше порано. Порано мораше да ангажираш фотограф да те слика или мораше да имаш добар фотоапарат дома, а потоа да чекаш да ги направиш сликите“, изјавил пејачот.

Слични објави

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо
Се вчитува....