0.8 C
Скопје
18:56 - 18 јануари, 2026

(ФОТО) Брижит Макрон совршено стилизирана на прославата на платинестиот јубилеј на британската кралица Елизабета Втора

На прославата на платинестиот јубилеј на британската кралица Елизабета Втора. Се приклучи и Франција. Со палење на пламенот на Триумфалната капија во Париз, францускиот претседател Емануел Макрон и оддаде почит на кралицата која слави 70 години на тронот.

„Вие сте златната нишка што ги врзува нашите две земји, доказ за неуништливото пријателство меѓу нашите народи. Вие бевте постојан извор на мудрост за лидерите на нашите земји. Вие сте наш пријател, наш близок сојузник, наш пример како да им служиме на другите. Денеска ве славиме, искрено и длабоко пријателство што ги обединува нашите две земји и вашата лојалност. Ваше височество, ја имам привилегијата да ви ги упатам најискрените честитки за вашиот јубилеј во име на францускиот народ“, рече Макрон во изјавата пред церемонијата на палење на пламенот.

Претседателот беше придружуван од неговата сопруга, првата дама на Франција, Брижит Макрон .

Како и секогаш, Брижит беше вистинско олицетворение на елеганцијата во комбинација потпишана од француската модна куќа Луј Витон. Првата дама и понатаму е верна на нивните креации кои ги избира во сите прилики, а особено на посебните како оваа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Em soutien ♡ (@emsoutien)


Од глава до пети беше облечена во нивните парчиња. Под елегантниот бел капут со златни копчиња имаше фустан кој исто така беше бел, но за разлика од капутот беше украсен со многу ефективен дезен.

Златни и сребрени синџири, клучеви и препознатливиот монограм на оваа модна куќа, обичниот бел фустан го претворија во вистинскo рермек дело. Сепак, не добивме можност да ја видиме во целост бидејќи првата дама не го соблече палтото за време на церемонијата. Штета, бидејќи ова е навистина фустан кој не вреди да се крие под капут.

Борис Џонсон исвиркан на пристигнувањето на мисата за јубилејот на кралицата

 

Слични објави

(Фото) Ана Николиќ повторно шокираше: Пејачката се спружи среде трговски центар, чантата и палтото ги фрли на подот

Еспресо

(Фото) Не остави ништо на фантазијата: Ѓина Џиновиќ позираше во краток свилен фустан, во преден план ѝ беа бујните гради

Еспресо

(Фото) Девојката на Лазар Ристовски покажа чанта вредна 2.200 евра и порача: „Мажот ѝ дава на жената што ја сака“

Еспресо

(Фото) На 78 години има неверојатно тело: Верица Ракочевиќ покажа како изгледа во бикини на Флорида

Еспресо

Хороскоп за 18 јануари: Биковите ќе се релаксираат, Стрелците ќе уживаат во друштво на најблиските

Еспресо

„Моќни мажи се обидуваа да ме злоставуваат“: Исповедта на Нина Бадриќ за агонијата низ која минувала

Еспресо
Се вчитува....