11.8 C
Скопје
19:58 - 17 октомври, 2026

(Фото) „17 долги, болни и тешки месеци“: Ана Костадиновска со емотивна објава за Сара и колегите од „ДНК“

Поминаа 17 месеци од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а сеќавањето на загинатите и болката на нивните семејства, пријатели и колеги не стивнуваат.

Ана Костадиновска, која кобната вечер настапуваше како придружен вокал на „ДНК“, со емотивна објава се потсети на својата блиска пријателка и колешка Сара Пројковска, која ја сметаше за сестра, како и на останатите членови и соработници на групата кои го загубија животот во пожарот.

Костадиновска сподели фотографии и видео од профилот „sky_full_of_angels“, посветени на загинатите, а со кратка порака ја опиша тежината на изминатите месеци.

„17!!! Долги, болни, тешки“ – напиша таа.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Ана и Сара заедно настапуваа како придружни вокали на ДНК во „Пулс“ вечерта кога избувна пожарот. Костадиновска успеа да се спаси од огнената стихија, додека Пројковска, заедно со други членови и соработници на групата, го загуби животот во трагедијата.

Во месеците по пожарот, Костадиновска во повеќе наврати споделуваше емотивни спомени за Сара и за своите колеги, чувајќи го сеќавањето на луѓето со кои ја делеше сцената.

Слични објави

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо
Се вчитува....