Режисерот Роман Полански неодамна ја освои француската награда „Cesar“ за филмот „An Officer and a Spy“, но откако беше прочитано неговото име, Аделе Хаенел и многу други актерки ја напуштија салата.
Всушност, Полански е осуден поради силување на малолетничка, а казната ја избегна после бегството во Франција во 70-те години. Сепак, тој јавно призна дека имал сексуални односи со 13-годишната девојка.
A l'annonce du César de la Meilleure Réalisation pour Roman Polanski ("J'accuse"), Adèle Haenel quitte la salle.
Le meilleur des #César2020 > https://t.co/ipnVwouBeV pic.twitter.com/7xa0CTbU3H
— CANAL+ (@canalplus) February 28, 2020
На доделувањето одржано во Париз, ниту Полански ниту некој од неговата филмска екипа не беше присутен.
« Vive la pédophilie, Bravo la pédophilie »… Adèle Haenel a laissé éclater sa colère en quittant la cérémonie des César ce soir salle Pleyel, furieuse de la remise de deux César à Roman Polanski pour son film « J’accuse ». Images: @SmithReporter
—-#césar2020 @adelehaenel pic.twitter.com/qfsRa37P1Y— Paris Match (@ParisMatch) February 29, 2020
Актерката Хаенел додека ја напушташе салата не го криеше своето разочарување, а камерите ја снимија додека упатуваше навреди на сметка на режисерот.
„Срамота. Браво, педофилу“, рече актерката.
Освен неа, комичарката Флоренс Форести, која воедно и го водеше доделувањето, после прогласувањето на Полански за најдобар режисер, не се врати на сцена.
„Загрозена“, стои во описот.
Инаку Полански повторно доби нови обвиненија за силување, кои овој пат ги негира.