7.8 C
Скопје
15:08 - 22 декември, 2024

Ова се 10 животни лекции на кои нè научи филмот „Кум“

Ова се некој од лекциите кои може да ги научите од култниот филм „Кум“:

1. Не ветувајте ако знаете дека тоа ветување не можете да го исполните

Вашиот збор е најважната работа која можете да ја понудите. Не земајте ја здраво за готово. Секогаш прво добро размислете дали можете да го исполните ветувањето. Воопшто не е лошо доколку некогаш кажете „НЕ“ за некое барање (освен ако не е на денот кога се мажи вашата ќерка).

2. Не се мешајте во приватниот живот на другите луѓе

Особено не се мешајте во животот на брачниот пар. Озборувањето или давањето совети за лични работи, треба секогаш да остане нечија лична работа – тоа е приватност која мора да се почитува. Кога Кони и Карло се расправаа додека седеа на маса, Сони се обиде да интервенира, но беше замолчен од госпоѓата Корлеоне „Сони, не се мешај“ – Кармела Корлеоне.

3. Семејството е најважната работа во животот

Крвта не е вода. „Човек кој не поминува време со своето семејство, никогаш не може да стане вистински маж“ и „Единствено богатство на овој свет се децата, поважни од сите пари и сета моќ на светот“ – Дон Вито Корлеоне.

4. Никогаш ништо не правете против своето семејство

Немојте да бидете како Фредо Корлеоне. Без оглед на тоа колку не го сакате своето семејство, тие се сепак ваше семејство. Од почит, никогаш не идете против сопствената крв, освен ако не сте спремни на последиците од отуѓување (или смрт). „Фредо, ти си мојот постар брат и јас те сакам. Но, немој никогаш да одиш против семејството. Никогаш“ – Мајкл Корлеоне.

View this post on Instagram

Remembering the one and only #MarlonBrando on his birthday.

A post shared by The Godfather (@thegodfathermovie) on

5. Никогаш не реагирајте додека сте емотивни

Делувајте откако во главата ќе ги размислите сите можни последици. Мислете мудро и дипломатски. Емоционалните испади како оние на Сантино „Сони“ Корлеоне, кои на крајот го доведоа до дното, заборавете ги. Зошто? Бидејќи стана предвидлив. Немојте никогаш да станете предвидливи. „Никогаш не ги мразете своите непријатели. Тоа влијае на вашето расудување“ – Мајкл Корлеоне.

6. Пријателите држете ги блиску, а непријателите уште поблиску

Со едно око секогаш внимавајте на вашите непријатели, а животната партија шах играјте ја прецизно, посветено и тактички. Задржете ги добрите односи, бидејќи во спротивно нема да можете да се вратите во игра. Особено во јавноста. Кога Мајкл Корлеоне го заплашуваше сенаторот Пат, тој едноставно одговори: „Мојата понуда е ова…ништо“. Тој го задржа сенаторот во својот круг и на крајот го држеше во рака.

View this post on Instagram

Remember to wish your Pop a #HappyFathersDay.

A post shared by The Godfather (@thegodfathermovie) on

7. Воспоставете пријателства од почит, работа и доверба

Семејството не можете да го бирате, но пријателите можете. Земете ги во предвид предностите кои одредено пријателство може да ви ги донесе. Исто така, земете ги во предвид и недостатоците. „Пријателството е се. Пријателството е повеќе од талент. Тоа е повече од влада, скоро еднакво на семејство“ – Дон Вито Корлеоне.

8. Вашата работа мора да остане приватност. За работата дискутирајте само со членови на семејството

Мајкл Корлеоне: „Немојте да ме прашувате за мојата работа“. Не расправајте за својата лична или семејна работа со странци. Никогаш не се знае кој ќе ги искористи тие податоци за своја корист или за своја лична придобивка.

9. Дрогата е непосакувана

Дури и криминалците имаат листа на непосакувани работи, а дрогата е на врвот. Продавањето на дрога го руши јавниот имиџ на некои. „Вистина е дека имам многу пријатели во политиката, но тие не би биле така пријателски настроени да знаат дека продавам дрога наместо коцкање, што го сметаат за безопасен порок“.

„Но дрогата, тоа е валкана работа“ – Дон Вито Корлеоне.

10. Не ги сфаќајте работите премногу лично

Понекогаш, едноставно морате да имате на ум дека „тоа не е ништо лично, тоа е работа“ – Мајкл Корлеоне.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....