6.8 C
Скопје
12:31 - 22 декември, 2024

Холивуд губи 20 милијарди долари поради коронавирусот: А може да биде уште полошо!

Затворените кина и одложените премиери ја вовлекоа филмската индустрија во најголемиот финансиски амбис досега.

Никој не веруваше дека на крајот на јануари епидемијата на коронавирусот во Кина „ќе ја поткачи“ светската кинематографија за милијарди долари. Пред две недели експертите од Холивуд процениле дека болеста може „да извлече“ до пет милијарди зелени банкноти од џебовите на филмаџиите. Овие бројки денес изгледаат смешно со последниот извештај кој го пренесува The Hollywood Reporter – филмската индустрија 20 милијарди долари изгубила.

Околу 70.000 киносали се затворени во Кина, Италија и Шпанија, а остатокот од Европа и САД полека воведува мерки на превенција. Откако американскиот претседател Доналд Трамп објави забрана за патување од и во Европа, „Дизни“ го повлече „Мулан“ и уште неколку свои проекти кои требаше овој месец да започнат свој живот во киносалите на стариот континент. Екипата на филмот „Мулан“ веќе била во Лондон кога стигнала веста за откажаната премиера и конференцијата за печат. Со оглед дека овој филм, во кого Дизни полагаше големи очекувања, но и буџет, е одложен и во Кина и во Европа, компанијата изгубила милиони за реклами.

На пауза го ставија и продукцискиот игран филм „Малата сирена“, како и Марвеловиот „Шанг Чи и легендата за 10-те прстени“. А кога „Дизни“ некој од овие блокбастери ќе ги стави на чекање, секој ден губи помеѓу 300.000 и 350.000 долари, по филм! Во превод тоа значи дека „Дизни“ останува без два милиони долари неделно заради одложување на проектите. Милијардите со тоа темпо лесно се собираат.

Филмот „Тивко место 2“ е одложен само осум дена пред премиерата, а се проценува дека „Парамоунт“ така се простил од околу 30 милиони долари.

Уште полошо поминал МГМ бидејќи премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд, „Нема време за умирање“ е одложен за ноември, па компанијата останала без 50 милиони долари.

Премиерата на деветтиот дел на „Пеколни улици“ е одложена за скоро една година, така што наместо овој мај ќе го гледаме наредниот април. Снимањата беа откажани за „Бетмен“ со Мет Ривс или „Невозможна мисија 7“ со Том Круз во главната улога.

Нетфликс не сакаше да ризикува, па ги прекина снимањата на сите свои серии и филмови кои бараат работа на терен во САД и Канада за понатаму. Доколку пандемијата Ковид -19 продолжи и во текот на април, а се смири во мај, се проценува дека Холивуд ќе изгуби околу 10 милијарди долари, а киносалите ширум светот околу 17 милијарди. Доколку пак опасноста продолжи, последиците кои ќе ги остави во филмската индустрија можат да се чувствуаваат и наредните години. Во секој случај, како и во другите сегменти на цивилизацијата, седмата уметност се соочува со најсериозната криза во својата историја долга 150 години.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....