10.8 C
Скопје
22:14 - 3 април, 2026

Емина Јаховиќ вознемирена од земјотресите во Турција: „На секои 5 минути, веќе два дена“

Познатата пејачка Емина Јаховиќ, која со години живее во Истанбул заедно со своите синови Јаман и Јавуз, изрази длабока вознемиреност поради серијата земјотреси што го потресуваат регионот.

Преку објава на Инстаграм, Јаховиќ сподели дека во последните два дена, во круг од 11 километри околу нејзиното место на живеење, се регистрираат чести потреси. Таа објави и слики од сеизмолошки податоци, нагласувајќи дека стравува за безбедноста на себе и своето семејство.

„На секои 5 минути се чувствуваат потреси. Веќе два дена живееме во страв и неизвесност“, напиша таа на својот профил.

Иако Емина досега честопати споделуваше сцени од нејзиниот мирен живот во Истанбул, последните случувања ја вознемирија неа и многу други жители на турската престолнина. Пејачката упати молитви за мир и стабилност, надевајќи се дека потресите ќе престанат и животот ќе се врати во нормала.

Според извештаите, во текот на изминатите денови во Турција се регистрирани повеќе умерени до силни земјотреси, што предизвикаа страв меѓу населението.

Слични објави

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.
Се вчитува....