14:25 - 11 ноември, 2026

Емина Јаховиќ искрено: „Немам вистински пријатели, ни семејството не го познавам целосно“

Пејачката Емина Јаховиќ живее во Турција, а не крие дека чувствува голема разлика меѓу животот во странство и во Србија.

Неодамна откри како се чувствува во градовите кои го одбележале нејзиниот живот – Нови Пазар, Белград и Истанбул.

– Белград, Нови Пазар или Истанбул? Па, секој има нешто што другите го немаат. Така е тоа. Животот во странство… дури тогаш сфатив што е носталгија. Веќе 15 години немам луксуз да повикам некого на кафе – изјави Емина.

– Имам многу големо семејство, а некои од нив ни никогаш не сум ги видела! А толку сме блиску… Тоа е неверојатно. Постoјано ја прашувам мама: „Што се случува, мајко, кој се родил, кој се породил, кој се жени, кој се мажи…“ Ја прашувам затоа што немам поим! Не затоа што не сакам да знам, туку семејството е преголемо! Сакам сестрите, братучедите да доаѓаат на кафе, да се дружат нашите деца – раскажа таа за Face TV.

Потоа искрено призна дека во Истанбул нема вистински блиски пријатели:

– Тука, во Турција, имам некои пријатели, но тоа никогаш не е исто како кога се твои луѓе – нагласи Емина.

– Во Белград имам пријатели што ми се поблиски отколку овде. Во Нови Пазар ми е убаво, но многу брзо ми станува здодевно! Тоа е јасно… Градот е прекрасен, многу го сакам, но не би можела повторно да живеам таму. Белград исто, прекрасен, многу сакам да бидам таму… Во Белград сум најпозитивна. Но и таму не би можела повеќе да живеам. А Истанбул… каде што ќе бидат моите деца, таму ќе бидам и јас – додаде пејачката.

Слични објави

(Фото) Ќерката на Даниел Кајмакоски наполни две години, за роденденот си доби торта со Том и Џери

К.С.

(Фото) Стојне Николова во впечатлива бордо креација: Пејачката го покажа својот гламурозен изглед на „Роса фест“

Т.Ц.

(Фото) Проѕирна црна кошула и широка насмевка: Анастасија Ражнатовиќ направи пауза од мајчинството и излезе во Мадрид

Еспресо

Водителката Сања Савеска со ново видео повторно ја разгоре љубопитноста за својот љубовен живот: „Зошто сум сингл?“

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Јелена Карлеуша ја запознала мајката на 24 години помладиот партнер: „Поубава е од мене, вистински супермодел“

Еспресо
Се вчитува....