17.8 C
Скопје
14:16 - 15 март, 2026

Емили Ратајковски стави крај на гласините дека е во врска со Бред Пит: Најдобриот начин за човек да биде среќен е едноставно да се ослободи од некои работи

Американската манекенка и актерка Емили Ратајковски објави дека не е во врска откако се појавија гласини дека се забавува со познатиот актер Бред Пит.

Во интервју за Variety, Ратајковски, меѓу другото, зборуваше и за разводот со продуцентот Себастијан Бер-МекКлард, велејќи дека учи како едноставно да го „пушти тоа“.

– Моментално сум слободна, всушност првпат во животот. На некој начин уживам, па не сум премногу загрижена како ме перцепираат – вели 31-годишната Емили.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)

– Една од работите за кои пишувам во последниот есеј е дека можеби најдобриот начин за човек да биде среќен е едноставно да се ослободи од некои работи – објаснува таа.

Иако Ратајковски не ги коментираша гласините дека се забавува со 58-годишниот Бред Пит, изворите велат дека двојката ги чува работите во тајност додека неговата жестока битка за старателство со познатата актерка Анџелина Џоли сè уште трае.

– Бред во последните неколку години излегуваше со жени, но тајно затоа што е загрижен дека Анџелина ќе им каже на нивните деца – вели изворот.

Ратајковски поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг на почетокот на оваа година поради гласините за неверство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)

Слични објави

Почина таткото на Спасен Силјановски, пејачот скршен од болка

Еспресо

Куќа на планина и два стана во Белград: Недвижностите на Гога Секулиќ вредат над 600.000 евра!

Еспресо

Драма на концертот на Јаков Јозиновиќ во Нови Сад: На едно девојче ѝ се слошило, обезбедувањето веднаш реагирало

Еспресо

Хороскоп за 15 март: Девиците треба трпеливо да ја чекаат својата шанса со саканиот

Еспресо

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо
Се вчитува....