5.8 C
Скопје
05:07 - 1 април, 2026

Елизабета Втора го смени мислењето: Сакам Камила да ја нарекувате кралица

Иако во 2005 година, кога принцот Чарлс се ожени со Камила, беше одлучено да ѝ се обраќаат како принцеза кога Чарлс ќе стане крал, кралицата сега одлучи поинаку.

„Мојата желба е кога ќе дојде тој момент, на Камила да ѝ се обраќаат со кралица“, напиша 95-годишната кралица Елизабета Втора.

Војвотката од Корнвол, Камила (72) и нејзиниот сопруг, принцот Чарлс (73) биле трогнати од зборовите на кралицата. Кралицата испрати порака до јавноста по повод 70-годишнината од доаѓањето на власт.

Со интервенцијата на кралицата уништена е секоја бариера која досега постоела за Камила да стане кралица, и со тоа, според добро упатените извори, уште повеќе ѝ дала важност на војвотката.

Камила со години е вклучена во различни хуманитарни проекти, а особено поддржува здруженија кои им помагаат на жртвите на семејно насилство. Во своето писмо, кралицата се осврна и на несебичната поддршка од нејзиниот сопруг, принцот Филип, кој почина во април минатата година, само два месеци пред неговиот 100-ти роденден.

– И по 70 години, 6 февруари го памтам по тоа што почина мојот татко, кралот Џорџ Шести и по тоа што започна моето владеење. Се надевам дека овој јубилеј ќе ги обедини семејствата и пријателите, соседите и заедницата и дека, откако ќе доживееме тешки времиња, конечно ќе славиме и ќе размислуваме за позитивните работи што ги имаме секој ден – се вели во писмото на кралицата.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....