07:04 - 19 ноември, 2026

Душко Тошиќ со нова љубовна афера? Карлеуша не остана без коментар

Instagram

На скандалите им нема крај… Овој пат во фокус, повторно се српската пејачка Јелена Карлеуша и нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ.

Пред некое време српските медиуми почнаа да шпекулираат дека бракот на Карлеуша и Тошиќ носи „стаклени штикли“ поради наводните неверства на Душко и дека кога тогаш се очекува нивната официјална разделба, но, тогаш парот негираше сè.

Сега, српските медиуми повторно го поврзуваат фудбалерот со афери. Наводно, тој е во „тајна“ врска со блогерката и манекенка Ана Јовановиќ. По гласините, Јовановиќ обидувајќи се да ја каже својата страна од приказната.

Instagram
Instagram

„Би сакала да ве замолам од мое име, и од името на другите актери во оваа измислена афера, да престанете да објавувате лажни информации затоа што на овој начин им нанесувате голема штета на две семејства, особено на нашите деца“, напиша Ана, која има три деца со српскиот музичар Пеџа Јовановиќ.

Српските медиуми пишуваат дека Ана објавила фотографија од истото место во Дубаи, каде Тошиќ одмарал во тоа време, но ги избришала објавите бидејќи се плашела дека некој ќе ги поврзе и ќе ја разоткрие аферата.

Instagram
Instagram

По скандалот, Јелена Карлеуша не остана без коментар.

„Драга Ана, тие се за жалење, затоа што живот исполнет со толку многу омраза и зло не е живот“, рече Карлеуша.

Расплетот на оваа приказна останува нејасен…

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

(Фото) Беше најубавата Југословенка, ја изгуби светската круна поради голи фотографии, а и денес изгледа феноменално

Еспресо

(Видео) „Жената не е ничија сопственост“ — Александар Динев со порака против насилството и осудувањето на жртвите

К.С.

(Фото) Ела Дворник им покажа на своите ќерки фотографија од младоста, нивните реакции се вистински хит!

Еспресо

Соседите на Александра Пријовиќ откриваат што се случува во населбата по палењето на џипот: „Ова е мафијашка пресметка“

Еспресо

На Нада Топчагиќ ѝ дошла полиција, соседите ја тужеле: „Златко сега треба да плати 25.000“

Еспресо

(Видео) Тренер жестоко ја критикуваше Сека Алексиќ за изјавите за лекот со кој ослабела: „Какви инјекции, децата треба да спортуваат“

Еспресо
Се вчитува....