6.8 C
Скопје
08:19 - 1 април, 2026

Доктор Фаучи е позитивен на коронавирусот: „Моментално има лесни симптоми“

Американскиот експерт за заразни болести Ентони Фаучи е позитивен на Ковид-19. Тој е тестиран со брз антиген тест и продолжува да работи од својот дом додека закрепнува, информираше Националниот институт за здравје.

„Моментално има лесни симптоми“, додаваат од Институтот.

Осумдесет и едногодишниот Фаучи, целосно вакциниран и со примени две бустер дози, во скорашно време немал близок контакт со претседателот на САД, Џо Бајден, на кого му е главен советник за здравство.

Фаучи како долгорочен управител на Институтот за алергија и заразни болести го предводеше одговорот на САД на секоја пандемија од 1984 година. Тој особено е ценет поради своето водство за време на раните борби против ХИВ и СИДА.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....