18:04 - 8 април, 2026

Добила име според ЈОГУРТ! Еве како Ѓура и сопругата го одбрале името за нивната ќерка

Бранко Ѓуриќ – Ѓура, е надалеку познат по своите разновидни улоги и оригиналната смисла за хумор, но ретко кој знае дека има ќерка која тргнала по неговите стапки.

Зала Ѓуриќ неодамна наполни 23 години, а приказната за нејзиното име е посeбна.

„Кога ние двајца се вљубивме, не смеевме ни да сонуваме за заеднички живот, ама мечтаевме дека ќе имаме едно дете и тогаш на пазарот имаше некој јогурт што се викаше „Зала“ и се договоривме дека ќерка ни така ќе се вика. Имавме скриено капаче во лифтот зад огледалото и секогаш гледавме таму и мечтаевме дека некогаш ќе ја имаме Зала“, открила мајката Тања.

Младата Зала е заинтересирана за музика и за глума, а фотографиите што ги објавува на друштвените мрежи привлекуваат големо внимание бидејќи Зала има необична убавина.

На прашањето на кој начин родителите ѝ помагаат, Зала одготовила:

„Татко ми најмногу ми помага така што не сака да се плетка, сака сама да дојдам до целта. Тој никогаш не ме однел на ниту една аудиција, што е супер! Сигурна сум дека би ми помогнал кога би го замолила, ама не го сакам тоа зашто така станувам посилна.“

„Секој ден се заблагодарувам на вселената, на мојата храброст и на родителите, кои ме донесоа во Њујорк за да си го остварам сонот“, рекла Зала.

Слични објави

Вистинскиот пар чевли прави разлика: Дојдете во Chantel, затоа што секој чекор заслужува да биде забележан

Еспресо

Нина Ѓогани за ужасното насилство што го доживеала: „Ме тепаа и ме навредуваа“

Еспресо

Велигденски хит – рачно изработени свеќи што ќе ви го разубават домот

Еспресо

Јанг Дади се отвори за тешкиот период: Ме игнорираа

msp-admin

(Фото) Жељко Бебек прослави 24 години брак со својата 34 години помлада сопруга: „Тоа нешто наше“

Еспресо

На Здравко Чолиќ ќе му врачат димпломатски пасош на Босна и Херцеговина

Еспресо
Се вчитува....