03:42 - 15 декември, 2025

Дневен хороскоп за 25 март 2019, понеделник

ОВЕН

РАБОТА: Вашите колеги денеска ќе ви помогнат заедно да постигнете многу позитивни резултати.

ЉУБОВ: Сами или во врска, ќе бидете несигурни во врска со многу прашања. Од вас ќе се бара поголема доза на толеранција кон сè.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на дишните патишта.

БИК

РАБОТА: Држете се до правилата и до насоките за работа. Сè надвор од тоа ќе предизвика хаос.

ЉУБОВ: Ако сте во врска, ќе го зачувате добриот однос. Оние кои се сами, повеќе ќе преферираат така и да останат.

ЗДРАВЈЕ: Не претерувајте со пороци.

БЛИЗНАЦИ

РАБОТА: На крајот на денот, ќе сфатите дека вие сте сработиле повеќе од сите останати вкупно.

ЉУБОВ: Имате мали и слатки тајни, за кои чекате вистински момент да почнете да ги откривате и реализирате. Побарајте ја личноста која ви се допаѓа и кажете ѝ како се чувствувате.

ЗДРАВЈЕ: Дишете длабоко, не претерувајте со работа.

РАК

РАБОТА: Во текот на денешниот ден ќе сфатите дека веќе сте влегле во рутината.

ЉУБОВ: Уживајте во присуството на драгите личности. Некој Овен ве мерка.

ЗДРАВЈЕ: Се чувствувате силно и енергично.

ЛАВ

РАБОТА: Без оглед што не сте богати, денеска ќе сфатите дека сте задоволни со она што го имате и дека не е сè во парите.

ЉУБОВ: Ќе бидете преполнети со емоции поради личноста со која сте во врска или со која излегувате.

ЗДРАВЈЕ: Штедете нерви.

ДЕВИЦА

РАБОТА: Уживате во работата, мотивирани сте и тоа ви го полни егото.

ЉУБОВ: Изненаден трошок во вашиот буџет поради личност која ви е драга. Сепак, нема да ги жалите парите.

ЗДРАВЈЕ: Излезете на свеж воздух.

ВАГА

РАБОТА: Можни се ситни несогласувања кои нема да влијаат на вашата позиција на работното место.

ЉУБОВ: Другата страна ќе го покаже поранливиот дел од карактерот. Бидете внимателни.

ЗДРАВЈЕ: Негувајте ја кожата.

СКОРПИЈА

РАБОТА: Можно е да започнете нова работа или нов проект, во кои ќе бидете успешни и ќе покажете што знаете.

ЉУБОВ: Другата страна има високи очекувања, на вас е само да покажете дека сте способни да ги исполните.

ЗДРАВЈЕ: Вратете се во реалноста.

СТРЕЛЕЦ

РАБОТА: Емоциите кои ги внесувате во својата работа зборуваат повеќе од делата.

ЉУБОВ: Одличен ден за љубов и искажување емоции. Покажете дека имате силно срце.

ЗДРАВЈЕ: Не се заморувајте.

ЈАРЕЦ

РАБОТА: Како што минуваат работните часови, ќе сфатите дека сте премногу уморни.

ЉУБОВ: Оние кои се во врска ќе бидат среќни со ситуацијата со партнерот. Другите треба повеќе да се дружат.

ЗДРАВЈЕ: Добро се чувствувате. Наспијте се.

ВОДОЛИА

РАБОТА: Намалете го темпото, за да видите дека всушност многу сте направиле.

ЉУБОВ: Малку сте несигурни поради праснината во љубовниот живот, но не обрнувајте премногу внимание на тоа.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на зглобовите.

РИБИ

РАБОТА: Многу вложувате и тоа ќе се исплати на долгорочен план.

ЉУБОВ: Не се плашите од својата сериозност и време е да го покажете тоа на оние кои ви значат.

ЗДРАВЈЕ: Релаксирајте се.

Слични објави

„Користи лекови, има пиштол, импотентен е и е шворц“: Атина Ферари со шок-тврдења за Аца Лукас

Еспресо

Ера Ојданиќ го воодушеви внукот: За 18. роденден му подари подарок вреден 160.000 евра

E.A.

(Фото) Кадар што ги топи сите срца: Милан Васиќ покажа како го разгалува својот син Деспот

Еспресо

(Фото) Погледнете ги луксузните празнични декорации на најбогатата балканска пејачка!

Еспресо

Ана Николиќ е во емоционална и финансиска криза: Раста нема намера да ѝ помогне

Еспресо

Синот на Марија Шерифовиќ веќе прави палавштини: Баба Верица го брани на свој начин

Еспресо
Се вчитува....