17.8 C
Скопје
05:21 - 20 септември, 2026

Дневен хороскоп за 24 септември 2019: Близнаците ќе ги откријат тајните на партнерот

Овен
Вашиот шеф може да ви посочи некои ваши пропусти , кои ќе ги доживеете како критика, иако намерата на другата страна е да ве предупреди да не направите грешка. Денес сфаќате сè лично, па размислете пред да одговорите на некои разговори од страна на саканата личност.

Бик
Ќе имате обрт на пари, па ќе може да почнете нови проекти. Ќе ги продолжите преговорите што во претходниот период бевте принудени да ги одложите и кои ќе се оддолжат повеќе отколку што очекувавте. Вашиот партнер крие нешто, а вие се сомневате веќе подолго време.

Близнаци
Ќе воспоставите стабилна соработка и ќе можете да се потпрете на долгогодишните соработници. Ќе ги откриете тајните на партнерот и нема да ви се допаднат. Тоа ќе доведе до оддалечување и меѓусебно обвинување.

Рак
Ќе бидете многу возбудени поради некои промени во деловното опкружување, бидејќи тие отвораат можности кои се прилично поволни за вас. Ќе го обвинувате партнерот за неверство, а тој ќе ви врати така што ќе ве обвинува за неискреност. Не изложувајте се на стрес.

Лав
Не трошете ја непотребно енергијата, потрудете се да се опуштите и одморите. Бидете трпеливи со секоја работа. Настојувате да бидете во центарот на сите случувања. Никој не е идеален, па ни вие. Заборавете на проблемите, ве очекува поволен период.

Девица
Денес единствена грижа ви е да бидете во центарот на вниманието. Исклучителен ден, полн со пријатни изненадувања. Во постојано движење сте и го работите она што го сакате. Партнерот ви покажа колку му значите не само со зборови.

Вага
Не сте материјалист, но обожавате да трошите. Многу интензивно ќе се однесувате кон саканата личност, емотивниот партнер ќе биде пријатно изненаден. Не си поигрувајте со туѓото трпение.

Скорпија
Ќе ви биде мило што конечно надминавте некои заостанати работи. Вашата финансиска состојба не е на завидно ниво, па треба да се потрудите да се докажете пред шефот. Денес би било подобро повеќе да се заинтересирате кон саканата личност.

Стрелец
Некои зли јазици на работното место го уништуваат сиот труд што сте го вложиле. Внимавајте да не дојдете во конфликт и со надредените и со колегите. Ќе се соочите со тешкотии во односите со саканата личност. Ќе имате несогласувања со партнерот околу заедничките вложувања.

Јарец
Извршете ги последните подготовки на работното место. Денеска ќе се врати довербата помеѓу вас и вашата сакана личност. Ќе успеете да ги решите проблемите и да се зближите. Без оглед на тоа, ќе ви биде потребно доста трпение и време за вашата врска да ја доведете во претходната состојба.

Водолија
Брзо ги решавате финансиските проблеми и тоа е за поздравување. Ќе запознаете интересна личност која ќе ви помогне многу во работата. Во љубовта, сакате да решите некои детали, но чувствувате дека другата страна не го сака истото. Се чувствувате заробени.

Риби
Многу работи ќе треба да направите денеска, а веќе почнувате да се плашите дека нема да можете да доведете сè до крај. За среќа, другите денес се многу добронамерни кон вас, така што можете да очекувате каква било помош од нив. Денот е добар за трошење со пријателите, за излегување и за запознавање на нови луѓе.

Слични објави

Александра Пријовиќ вели дека го откажала концертот поради болест, а на социјалните мрежи веднаш се појавија разни теории

Ц.Т.

Тажниот крај на Маргита Стефановиќ Маги, „црната принцеза“ на ЕКВ

Т.Ц.

(Фото) Вистинска оаза и луксуз – вака изгледа вилата на Едита Арадиновиќ каде што ќе живее со својата ќерка

Еспресо

Напиша 5 збора и доби 100.000 евра – oва е песната што ѝ донесе богатство на Марина Туцаковиќ

Еспресо

Харис Џиновиќ за провокативните фотографии на Џина: „Не треба да се фотографира како старлета“

Еспресо

Луксузната вила на Николина Пишек во Загреб има нов сопственик? Позната инфлуенсерка го покажа препознатливиот ентериер

Еспресо
Се вчитува....