04:20 - 12 јули, 2026

Дневен хороскоп за 12 октомври: Вагите ќе заведуваат, Близнаците ќе се запознаваат

Овен
Овој ден ќе посакувате спокојство и мир. Воопшто нема да чувствувате еуфорија и ќе претпочитате да ја поминете вечерта во домашна атмосфера со партнерот покрај вас. Доколку не сте во врска поканете неколку најблиски пријатели и направете си приватна забава, без многу бучава.

Бик
Можни се емотивни проблеми. Личноста која ја сакате е збунета во врска со некои ваши постапки. Разјаснете ги работите на време.

Близнаци
Денес е вистинскиот ден за нови познанства, проширување на кругот на пријатели и интимни средби. Вашите сојузници се засилуваат, а и вие со нив. Денеска станувате се посвесни за тоа, а вашата самодоверба расте.

Рак
Надевајте се на големи промени кои со себе носат сериозни одговорности. Конечно можете да земете здив, бидејќи многу работи се разрешија. Доколку сте паметни, ќе успеете да го извлечете максимумот од ситуацијата. Тоа особено се однесува на партнерот.

Лав
Неповолен ден, обидете да се да останете смирени. Денес нема да бидете многу сигурни во вашата финансиска ситуација, и тоа може прилично да ве вознемири. Некои информации кои ќе ги добиете, исто така може да ве вознемират. Не се повлекувајте, искажете го вашето незадоволство.

Девица
Денес ќе паднете во искушение да откриете тајна која долго ја чувате во себе, но тоа нема да ве усреќи. Мислете двапати пред да изговорите што било, бидејќи како што знаете, подобро е да се спречи одошто да се лечи.

Вага
Продолжувате со својата сензуална фаза на заведување, кога многу личности од спротивниот пол ви паѓаат под нозе. Ќе влијаете на настани, луѓе и работи повеќе отколку што мислите. Не сте свесни колку ве имитираат.

Скорпија
Веројатно ќе потрошите повеќе пари од планираното, а сето тоа со цел некого да импресионирате. Љубовта нема цена. Ќе се согласите на сите барања од саканата личност, зашто и вие исто ќе мислите. Ќе бидат тоа мали, слатки грижи.

Стрелец
Освен опуштениот изглед со кој зрачите, денеска ќе покажете и малку поголема страст. Другата страна тоа добро ќе го прифати. Извесен е мал трошок поврзан со луксуз или подобрување на работните услови. Можете тоа да си го дозволите.

Јарец
Ќе бегате во својот свет на сништата пред незадоволителната љубовна реалност. Тоа ќе биде вашиот вентил. Можеби некои ваши идеи нема веднаш да бидат прифатени, едноставно зашто се неспроведливи во реалните услови.

Водолија
Во комуникацијата со саканата личност, се поголема улога ќе игра фантазијата и интересните идеи кои како да не се од овој свет. Тешко дека некој ќе ве стави денеска во некаков калап. Ќе бидете навистина посебни во секој поглед.

Риби
Пред вас е ден полн со емотивни фрустрации. Што и да правите, ќе излезе задоволително. Имајте трпение. Имате право кога ја негувате натуралноста.

Слични објави

Алка Вујица сподели фотографија од нејзиниот базен и со духовит коментар ги насмеа фановите

Т.Ц.

Драгана Катиќ се огласи од козметички салон и откри како го одржува младешкиот изглед

Т.Ц.

Се сеќавате на Дин од Евровизија? Сега е во љубов со Американец и вели дека е „темел на неговиот живот“

Еспресо

(Фото) Оливера Балашевиќ во дрес на Аргентина го следеше Светското првенство со внукот во раце: „Фудбал и ние двајца“

Еспресо

(Фото) Лепа Брена ужива во луксузен одмор, а нејзиниот изглед повторно привлече внимание

Еспресо

(Фото) Сузана Манчиќ покажа како изгледа без шминка на прагот на осмата деценија: Воодушеви со природниот изглед

Еспресо
Се вчитува....