07:16 - 6 февруари, 2026

Џорџ Клуни призна дека сам ја потстрижува својата коса веќе 25 години – Но кога откри со што, веднаш започнаа шегите на негова сметка!

Еден од омилените холивудски актери Џорџ Клуни (59) откри дека сам си ја потстрижува косата веќе 25 години и дека употребува тример од 80-тите години од минатиот век, кој беше познат како „Flowbee“.

Имено, Клуни откри дека повеќе години не користи ножички за потстрижување на косата, ниту пак оди на фризер.

За време на викендот 59-годишниот актер се појави во емисијата „CBS Sunday Morning”, каде откри дека е сам свој бербер долги години.

„Се потстрижувам сам веќе 25 години. Мојата коса е многу силна и лесна за потстрижување, па немам каде многу да погрешам“, започна тој.

Клуни откри дека користи „систем за потстришување со вшмукување“ кој беше многу популарен во 80-те години од минатиот век, а тој тврди дека се уште е многу задоволен од оваа направа.

„Пред многу години купив апаратче кое се вика „Flowbee“. Има во себе вшмукувач и тример. И се уште го имам“, додаде тој.

„За средување на мојата фризура ми се потребни буквално 2 минути“, заклучи тој.

Тој се пошегува дека нема да го тестира „FLowbee“ на својата сопруга Амал и додаде дека таа сепак оди на фризер. Неговата изјава дека сам се потстрижува поттикна многу корисници на социјалните мрежи да се шегуваат на негова сметка, па така на интернет започнаа да кружат урнебесни коментари.

„Случај ти обично момче, ако го користиш „Flowbee“ тоа не значи дека ќе изгледаш како Џорџ Клуни“, гласеше само еден од коментарите на Твитер.

Слични објави

Марија Микиќ официјално се разведе: Пејачката ги потпиша документите, крај на приказната!

Еспресо

Ела Дворник повторно живее со поранешниот сопруг: „Вистински пекол на земјата!“

Еспресо

Познат пејач ја изневерува својата сопругата со маж: Водителот на Пинк откри шокантни детали

E.A.

(Фото) „Имав рак по рак, потпишав…“: Ќерката на легендарниот пејач ги откри деталите од мачната борба

Еспресо

Ацо Пејовиќ купил дуплекс стан во модерниот дел на Белград: Еден квадратен метар чини 6.000 евра

E.A.

(Фото) Првата заедничка фотографија: Еве како изгледа партнерот и татко на детето на Милица Тодоровиќ

Еспресо
Се вчитува....