6.6 C
Скопје
03:52 - 1 април, 2026

Џони Деп ќе мора да се врати на суд, и пак ќе го брани Камила Васкез

За Џони Деп нема мир. По глобалната медиумска возбуда што ја покрена судењето против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, од кое тој излезе како победник, актерот ќе мора да се врати на суд.

Овој пат ќе влезе во судница не за прашања поврзани со бракот, туку за тепачка која се случила во 2017 година. Ова го објави мексиканскиот економски весник El Financiero, според кој Деп бил тужен од Грег Брукс, менаџерот на локацијата (т.е. професионалецот кој се занимава со идентификување на најдобрите сетови за снимање) на филмот City of Lies, во режија на Бред Фурман.

Брукс рече дека го опоменал актерот, за време на снимањето на филмот, за сцена која, според него, ја протолкувал погрешно, а Деп, бесен, двапати му се нафрлил со тупаници викајќи дека не е тој кој може да му каже што да прави и како да го направи тоа.

Нападот, кој се случил на 13 април 2017 година, завршил само благодарение на интервенцијата на полицаец.

Деп, кој тврдеше дека дејствувал само во самоодбрана, ќе мора да се појави на суд во Лос Анџелес на 25 јули и ќе му помага истиот правен тим кој беше ангажиран во судскиот процес со Херд, составен од адвокатите Бенџамин Чу и Камила Васкез.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....