14:09 - 11 јануари, 2026

Џеси Џеј откри дека ѝ е дијагностициран рак на дојка

Instagram

Британската пејачка Џеси Џеј (37) откри дека ѝ е дијагностициран рак на дојка во рана фаза.

Во емотивно видео, таа им се обрати на своите следбеници и истакна дека долго време размислувала да ја сподели веста со јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessie J (@jessiej)

„Сакам да го споделам ова со моите обожаватели и луѓето на кои се грижат за мене. Отсекогаш сум била личност која споделува сè што ми се случува. Пред да излезе песната „No Secrets“, ми беше дијагностициран рак на дојка во рана фаза“, рече Џеси на Инстаграм.

Таа особено го нагласи зборот „рано“, велејќи: „Ракот е ужасен во која било форма, но јас се држам до тој збор ‘рано’. Постојано одев на прегледи и тестови во текот на овој период.“

Таа објасни дека сака да биде искрена и отворена, не само за себе, туку и за другите.

„Искрено, не зборувам доволно за тоа. Не го процесирам тоа затоа што премногу работам. Знам колку ми помогна во минатото кога споделував тешки моменти. Луѓето тогаш ме поддржуваа и ги споделуваа своите приказни“, рече пејачката.

Во својот хумористичен стил, таа додаде дека „добива нова шанса за зголемување на градите“. „Многу драматичен начин за зголемување на градите. Ќе ме нема малку по Летниот бал, кој е на 15 јуни. Морам да се оперирам, а потоа ќе се вратам со огромни гради и уште повеќе музика“, се пошегува таа.

Во описот на видеото, Џеси дополнително ги објасни своите чувства, признавајќи дека е тешко да се балансираат добрите времиња и личните борби.

„Шегата настрана… Знаете дека хуморот е мојот механизам за преживување, но последните два месеци беа неверојатни. А паралелно се случуваше и ова, што ми даде посебна перспектива за животот. Но… на вашата девојка ѝ треба прегратка. Исто така, нема да направам огромни гради. Или можеби да? Не, не… Морам да престанам со шегиве“, напиша таа.

Во коментарите, бројни пријатели и обожаватели ѝ испратија пораки за поддршка и љубов.

За потсетување, Џеси Џеј и нејзиното момче Чанан Колман добија син во 2023 година. Таа ја потврди веста со трогателно видео на Инстаграм.

Слични објави

(Фото) Само 3.000 евра во рака: Ѓина Џиновиќ се прошета со луксузен моден додаток низ Барселона

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Пеѓа Јовановиќ: Неговата сопруга се обрати со емотивни зборови, објави досега невидени семејни фотографии

Еспресо

Хороскоп за 11 јануари: Јарците не знаат кај им е главата, Рибите ќе ја променат работата

Еспресо

„Сакаше да се омажи за мене ако ѝ купам стан и автомобил“: Познат пејач добил директна понуда од Мина Костиќ

Еспресо

Почина мајката на Перо Камиказа: Музичарот објави трогателна фотографија и објава

Еспресо

ВИДЕО | Ела Дворник откри долго чувана семејна тајна: „Мојот татко имаше сериозна болест“

Е.А.
Се вчитува....