Џенифер Лопез кариерата ја започнала како танчерка во 1991 година кога играла за тогаш популарниот бенд „New Kids On The Block“, а соработувала и со Џенет Џексон. И покрај долгогодишната кариера дури улогата во најновата драма „Hustlers“ ѝ ги донесе толку посакуваните пофалби, дури и од странските критичари кои не ѝ се толку наклонети.
Латино дивата ликот на стриптизерката Рамон го одигра повеќе од маестрално, светските медиуми веќе почнаа да пишуваат дека веројатно ѝ се насмевнува и Оскар.
Џенифер на јавноста ѝ покажа како всушност изгледале нејзините подготовки за споменатата улога поради која за само два и пол месеци морала да го совлада танцот околу шипка.
Лопез секој ден и по неколку часа тренирала со професионалната танчерка, а вградила шипки во нејзините три стана.
Погледнете како се подготвувала за улогата на животот.