22:22 - 11 ноември, 2026

(Фото) Џејми Оливер отвора ресторан во Србија: Ве повикува да му се придружите

Еден од најпознатите готвачи во светот, Џејми Оливер, наскоро ќе го отвори својот прв ресторан во Србија, поточно во белградската населба Белград на вода.

Ресторанот „Џејмис Италијан“ („Jamie’s Italian“) е дел од познатиот ланец ресторани на Џејми Оливер, наменети за љубителите на италијанската кујна.

„’Џејмис Италијан’ доаѓа во Белград и бара ентузијастички, тимски играчи кои се подготвени да ја споделат својата страст со колегите и гостите. Доколку се препознаете во овој опис и сакате да бидете дел од нешто посебно, би сакале да ве запознаеме! Организираме отворен ден за регрутирање во Белград, на 9 ноември годинава! Дојдете да го запознаете брендот ‘Џејмис Италијан’ и аплицирајте за позициите за кои сте заинтересирани. Понесете го вашето си-ви со себе“, пишува на на инстаграм-профил на белградскиот ресторан, кој сѐ уште не знае кога ќе биде отворен.

Фото: Инстаграм/„Џејмис Италијан“

Според податоците од официјалната веб-страница на овој ланец ресторан, покрај Србија, наведени се и рестораните во Бразил, Кипар, Унгарија, Индија, Ирска, Португалија, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Инаку, Џејмс „Џејми“ Оливер е британски готвач и сопственик на ресторани, познат и по неговите телевизиски емисии за храна, како и по книгите за готвење, а и по неговата кампања за подобра едукација за храната.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....