17.8 C
Скопје
18:55 - 20 октомври, 2026

Џеф Безос ќе ја поддржи со 1 милијарда долари: Згодната Сидни Свини лансира линија долна облека!

Актерката Сидни Свини ќе лансира своја линија долна облека во соработка со Лорен Санчез и Џеф Безос. Младенците, кои ја поканија актерката на нивната свадба во Венеција, ќе го поддржат овој бизнис потфат како инвеститори со буџет од 1 милијарда долари, велат извори за „Дејли Мејл“.

„Ова беше огромен проект за неа и нешто на што работеше изминатата година“, рече изворот.

Тој исто така тврди дека Безос е вклучен во линијата долна облека бидејќи е поддржана од Бен Шверин, партнер во фирмата за приватен капитал „Coatue“.

Сидни и претходно работела на дизајнирање колекции облека. Пред две години, таа соработуваше со „Frankies Bikinis“ за да создаде колекција костими за капење инспирирана од италијанската летна романса. Брендот ја опиша колекцијата како „најсекси досега“, а Свини беше заштитно лице на кампањата. Актерката позираше во разни бикини и ги воодушеви своите следбеници со заводливи фотографии.

Сидни неодамна беше гостинка на свадбата на славниот пар Безос, а нејзиното доаѓање изненади многумина. Таа помина време на свадбата со Орландо Блум и Том Брејди, а многумина се прашуваа зошто е на списокот на гости. Во тоа време, имаше многу шпекулации за тоа зошто Сидни е поканета, а контроверзната водителка Мегин Кели рече дека причината е големината на нејзините гради.

„Таа беше поканета на свадбата на Безос затоа што има огромни гради. Сидни Свини е новата згодна девојка во градот затоа што има огромни гради со кои сите се опседнати“, рече таа.

Сепак, странските медиуми објавија дека Свини била поканета на свадбата затоа што е главната ѕвезда на претстоен филм што го снима „Amazon MGM Studios“

Слични објави

Тату-артистот Горан Миќиќ за борбата со ракот: „Ме оперираа осум и пол часа, да не беше жена ми, ќе паднев во тешка депресија“

К.С.

Јована Јеремиќ најави шокантни информации за Каспер: „Мина не е единствената жртва, има и други!“

Еспресо

Глумеше од душа и донесе милиони насмевки, а почина заборавен од сите: Пред 23 години нè напушти легендарниот Чкаља

Еспресо

Ви се замаглуваат прозорците? Едноставен трик со производ што го имате во бањата може да помогне против кондензацијата

К.С.

(Фото) Маја Шупут уживаше во вечерно излегување со новото момче: „Маса само за нас двајца“

Еспресо

„Жената што ме донесе на свет сè уште се прашува каде згрешила“: Синот на Лила со емотивна порака за мајка си

Еспресо
Се вчитува....