14:00 - 18 август, 2026

„Џебната Венера“ наполни 54 години: Данијела Мартиновиќ ги покажа подароците и откри кои ѝ се желбите!

Пејачката Данијела Мартиновиќ го прослави својот 54-ти роденден. Таа им се обрати на следбениците на Инстаграм по повод овој специјален ден.

„Имам добар капацитет на бели дробови за да ги изгаснам сите 54 свеќички одеднаш. Моите желби се исти: мир, отворено срце, многу љубов и драги луѓе“, напиша таа.

Во својата Инстаграм приказна откри и што ја дочекало наутро како подарок.

„Утрински подарок – 54 полски цветови. Необично е убаво кога ќе ги видиш своите години во букет со штотуку набрано цвеќе“, напиша Мартиновиќ, но не откри од кого е подарокот.

Фото: Скриншот

На почетокот од месецот, Данијела објави ретки фотографии со својот партнер Јосип Плавиќ. Во описот стави емотикон во форма на срце. Фотографиите ги израдуваа нејзините следбеници, бидејќи ретко споделува моменти со Јосип.

Веста за врската меѓу Данијела и Јосип се појави на почетокот на 2023 година. Таа тогаш откри дека го запознала Плавиќ кога нејзината адвокатка во 2022 година поднела пријава за кражба на идентитет преку интернет. Полицијата брзо го решила случајот, а двајцата потоа продолжиле да се дружат. Денес, заедно градат куќа.

За Данијела ова е прва јавна врска по раскинувањето со Петар Грашо во 2021 година, по 24 години заедништво. Јосип, пак, на почетокот од минатата година ѝ се врати на музиката – ја напушти полицијата и повторно го собра својот стар бенд „Изван закона“.

Слични објави

Урнебесен одговор на Ен Хатавеј на прашањето дали чека момче или девојче

apostolova

Драгана Мирковиќ во преговори да стане дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“

E.A.

Песната која две години чекала да стане „Чија си“ – Како Славе Димитров ѝ даде живот на една безвремена љубовна приказна

Т.Ц.

Ги закопаа секирите — Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ заедно подготвуваат луксузна прослава со 200 гости

Еспресо

(Фото) Со Јосиф на грб и Лена во кенгур — Ирина Камилоска планинари со двете мали деца

Еспресо

Почина големата Ведрана Рудан: „Отиде на подрачје без сигнал“

Еспресо
Се вчитува....