21:27 - 8 ноември, 2026

Џастин Тимберејк потврди дека со неговата сопруга станале родители по втор пат

Instagram

Странските медиуми веќе подолго време шпекулираа дека Џастин Тимберлејк и неговата сопруга, актерката Џесика Бил во 2020 година повторно станале родители. Овојпат, шпекулациите беа точни.

Џесика Бил и Џастин Тимберлејк го поздравиле доаѓањето на свет на својот втор син во јули, 2020 година. За бременоста на Бил речиси никој не знаеше, имајќи предвид дека тие заедно со нивниот петгодишен син Силас изминатава година постојано биле во нивниот дом во Монтана, каде Бил и се породила, пишува „Дејли Мејл“.

Instagram
Instagram

Џастин не само што потврди дека тој и неговата сопруга, всушност, добиле син, тој го откри и името за време на интервјуот со Елен Деџенерис: Финиас!

„Тој е прекрасен и е толку сладок… и, никој не може да спие“, се пошегува Тимберлејк.

„Воодушевени сме и не можеме да бидеме посреќни“, изјави тој.

Ова беше прв пат Тимберлејк официјално да ги потврди сите шпекулации и да проговори за новиот член на нивото семејство.

Instagram
Instagram

Неговите обожаватели и пријатели се пресреќни од оваа вест и едвај чекаат да го видат вториот син на Тимберлејк.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....