13:55 - 1 април, 2026

Дарa Бубамара со возен парк вреден 500.000 евра: Му купила „бесна машина“ и на синот!

Пејачката Дара Бубамара отворено зборува за своите финансии и не крие дека сама заработува за сè што има – вклучително и за импресивниот возен парк вреден половина милион евра.

Како голем љубител на автомобили, Дара често се почестува со нови „бесни машини“, а не застанала ни кога станува збор за нејзиниот син Коста, кому исто така му купила скап автомобил. Таа има неколку „мерцедеси“ и секогаш вози најнови модели.

Пејачката, која има 48 години, не се двоуми да зборува и за цените, велејќи дека сака да си удоволи себеси – кога веќе самата го заработува сето тоа.

Синот Коста го доби со поранешниот сопруг Милан Кесиќ во 2009 година, а Дара често истакнува дека нивниот однос е пријателски.

Сепак, нејзината страст кон луксузните автомобили понекогаш ѝ создава и проблеми – неодамна во Нови Сад беше фотографирана како го паркира својот „мерцедес“ на половина тротоар, а со другиот дел на улица, што предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Дара покрај автомобилите поседува и четири стана, а моментално гради и куќа. Очигледно е дека нејзините настапи добро се исплатуваат – и таа тоа не крие.

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....