8.8 C
Скопје
11:33 - 1 април, 2026

„Да не бев јас, ќе испаднеше веднаш“: Јелена Карлеуша е заслужна за успехот на Теа Таировиќ

Српската пејачка Јелена Карлеуша многупати беше на удар на критики бидејќи, како член на жири-комисијата на „Ѕвездите на Гранд“, многупати изјави дека многу млади пејачи немаат харизма иако се талентирани за музика.

Пејачката ја има способноста да го препознае икс-факторот кај младите изведувачи, а една од нив беше и Теа Таировиќ.

Како што откри, таа била единствената која за време на натпреварот ѝ дала шанса на Таировиќ, за разлика од нејзините колешки во жирито.

„Еве, на пример, Теа Таировиќ. Јас сум единствената, да не бев јас ќе испаднеше уште во првото коло. Толку ја мразеа. Но јас го почувствував тоа нешто, без разлика што не беше добра во таа пејачка смисла, но имаше нешто кај неа. Затоа ја влечев од круг во круг и ја фалев“, рече таа за подкастот на „wtfradio_rs“.

Денес Теа Таировиќ е една од најпопуларните млади пејачки во регионот, а покрај големиот број настапи, годинава одржа и спектакуларен концерт на Ташмајдан во Белград.

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....