7.8 C
Скопје
23:35 - 13 март, 2026

„Бремена сум!“: Александра Пријовиќ го очекува своето второ дете со Филип Живојиновиќ

Српската пејачка Александра Пријовиќ е бремена со нејзиното второ дете, а за својот сопруг Филип Живојиновиќ изјави дека тој е „сѐ што отсекогаш барала“ и истакна дека неговата поддршка многу ѝ значи.

„Супер сме, ја имам поддршката на Филип од првиот ден, најсреќна сум поради тоа. Запознав човек кој е многу добар, искрен, не можам да му најдам маана и да сакам. Отсекогаш сум велела и сто пати ќе кажам, дека денеска сум овде, не сакам да кажам поради него, но тоа е негова најголема заслуга“, изјави таа неодамна.

Покрај тоа, пејачката  ја потврди и веста дека е бремена.

„Вистина е, бремена сум. Ви благодарам на честитките“, изјавила кратко таа за српски „Блиц“.

Александра и Филип го имаат синот Александар кој има 6 години, а пејачката неодамна во емисијата „Цеца шоу“ откри дека сака девојче.

– Би сакала девојче. Мислам, најважно е детето да е живо и здраво и сè да биде како што треба. Но, кога би можела да бирам, би сакала девојче“, искрено изјави тогаш Александра.

Со концерт во Белградска арена на 22 декември, Пријовиќ ја заврши турнејата и одлучи на одредено време целосно да се повлече од сцената. Нејзиниот последен настап го одржа на Златибор за новогодишната ноќ.

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....