04:22 - 3 април, 2026

Братот на принцезата Дајана објави фотографија од детството: Лејди Ди тогаш имала шест години

Братот на покојната принцеза Дајана ја објави нивната преслатка фотографија која трогна многумина, тогаш имаше шест години

Братот на принцезата Дијана, Чарлс Спенсер, зборуваше во средината на септември за траумите во детството со кои и двајцата подоцна се соочиле и овој пат тој се присети на тој период од неговиот живот објавувајќи нивна заедничка фотографија.

Според „Дејли мејл“, ова е фотографија направена летото 1967 година кога Чарлс имал само три, а Дијана имала шест години. Објавата на Твитер ги трогна неговите следбеници на Твитер, кои под објавата напишаа колку ја ценеле неговата сестра, покојната принцеза.

„Почитуван спомен… Јас бев портир еднаш кога таа дојде во лондонскиот театар Паладиум. Во еден краток момент ме погледна и се насмевна и дури сега мислам колку е кажано во тој момент“,

„Драги мали момче и девојче. Никој не можеше да предвиди со каква сурова судбина и двајцата ќе се соочите. Барем тоа мало девојче почива во мир, а нејзиниот брат ја најде вистинската среќа“,

„Толку убава фотографија! Никој никогаш нема да ја замени Дијана, таа беше единствена. Жал ми е што вие и семејството се соочивте со лаги“, беа дел од коментарите на следбениците на Твитер.

Патем, Чарлс, попознат како Ерл, за „Дејли мејл“ во септември изјави дека нивните родители Џон Спенсер и Франсис Шанд Кид се развеле во 1969 година, па мајката се иселила од заедничкиот дом. Таа го напуштила нивниот татко поради тајкунот Питер Шанд Кид.

Profimedia
Profimedia

Дијана имала само седум години кога се случувал тешкиот развод, во кој нејзиниот татко добил старателство над неа и другите три деца. Принцезата не зборувала со нејзината мајка сѐ до нејзината смрт во 1997 година, а како дете негувала надеж дека ќе се врати дома.

„Додека се пакуваше, нашата мајка ѝ вети на Дијана дека ќе се врати да ја види. Ја чекаше на прагот, но никогаш не дојде”, рече Ерл.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....