12.8 C
Скопје
18:22 - 14 март, 2026

„Боже, дај ни уште еден ден!“: Познатите личности ги откажаа концертите поради трагедијата во Цетиње

Вчера се случи голема трагедија во Цетиње, каде 45-годишен маж уби најмалку 12 лица во, меѓу кои и две деца, со огнено оружје. Владата донесе одлука да се прогласи тридневна жалост и ги откажа сите прослави и празнични настани во градовите ширум Црна Гора.

Голем број познати личности од регионалната музичка сцена се огласија на социјалните мрежи, каде изразија сочувство и најавија дека ќе ги откажат или презакажат закажаните концерти во периодот на жалост.

Српската пејачка Александра Пријовиќ најави дека ќе го откаже концертот во Бар.

„Поради трагичниот настан што се случи во Цетиње, вечерашниот концерт во Бар е откажан. Сочувство до семејствата на жртвите“, напиша таа на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/Александра Пријовиќ

И младата музичка ѕвезда Анѓела Игњатовиќ, позната како Бресквица, го откажа својот концерт во Херцег Нови.

„Драги мои, вечерашниот настап во Херцег Нови е откажан поради убиствата во Цетиње.

Ве молам, чувајте се. Слушајте ги инструкциите на надлежните и останете во своите домови.

Сочувство до семејствата на настраданите. Нашите срца се со нив“, напиша Бресквица.

Фото: Инстаграм/Бресквица

Хрватската ѕвезда Јелена Розга требаше да настапи на првиот ден од годината во Тиват, но и тој настан беше откажан.

„Поради трагедијата во Цетиње, се откажува вечерашниот настап во Тиват. Сочувство до семејствата на настраданите“, соопшти Розга.

Фото: Инстаграм/Јелена Розга

Дино Мерлин, Ади Шоше и Џек Лупино требаше да настапат во Будва. Илјадници луѓе пристигнаа на локацијата за да го проследат празничниот концерт, но жена од организацијата се качи на сцената и соопшти дека настанот ќе биде откажан поради трагедијата во Цетиње.

Потоа се огласи и Дино Мерлин.

„Длабоко сум потресен од оваа страшна трагедија во Цетиње. Срцето ми е скршено. Тажно и празно е до каде може да допре погледот. Мислите ми се со жртвите. Искрено сочувство до семејствата на настраданите. Боже, дај ни уште еден ден“, напиша пејачот на својот инстаграм-профил.

Фото: Инстаграм/Дино Мерлин

Слични објави

Една чаша пред спиење ја елиминира можноста од срцев удар – Кога и колку вода да пиете за организмот да ви функционира совршено

Еспресо

Традиционален македонски рецепт за Јогурт чорба со месо и зеленчук

Еспресо

Евровизиските обложувалници веќе ги откриваат првите фаворити за победа на Евровизија 2026

Еспресо

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ стана баба: Има само 35 години, а веќе ја доби оваа улога – „Ти благодарам, Боже, пристигна Миња“

Еспресо

(Фото) „Тој е богат и живее во Мајами“: Станија сподели информации за мистериозниот бизнисмен кој ѝ го украде срцето

Еспресо
Се вчитува....