6.8 C
Скопје
05:05 - 30 април, 2024

Богата чинија: Само три жени меѓу 20 најбогати готвачи во светот, крал на „златната лажица“ е Алан Вонг

Кралот на готвачите е Алан Вонг, со нето богатство од 1,1 милијарда долари. Кинеско-американскиот готвач е прочуен по хавајската кујна со своите ресторани, книги и телевизиски емисии.

Класификацијата на топ 20 најбогати готвачи ја направи сајтот „Мани Инц“.

Можеби многумина ќе бидат разочарани што Вонг е далеку побогат и побаран од Џејми Оливер или Гордон Ремзи, кои се на второ односно трето место според ова истражување.

Но кој е Вонг? Алан Вонг е американски готвач и сопственик на ресторани, еден од коосновачите – заедно со Сем Чој – на новата хавајска регионална кујна во 1992 година. Тој ги меша полинезиските традиции, ориенталните влијанија и модерните техники во таканаречената негова модерна хавајска кујна. Сопственик е на четири ресторани, од кои еден се наоѓа во Јапонија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alan Wong’s Honolulu (@alanwongs)

Во 2009 година, Вонг организираше хавајска забава за американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа. Поради ковид-пандемијата, готвачот морал да го затвори својот ресторан во Хонолулу, и се уште не е отворен.

Инаку, тој и според Форбс е на листата на најбогати готвачи во светот уште од 2015 година.

Веднаш зад Вонг е  Џејми Оливер. Ѕвезда на светот на храната со нето вредност од 310 милиони долари, Џејми Оливер не само што е готвач, туку и автор на книги и ТВ лице кое со години е во центарот на вниманието. Прославен од ТВ-шоуто „The Naked Chef“, тој е сопственик на ланец ресторани во Велика Британија, САД, Австралија и Дубаи.

Гордон Ремзи (220 милиони долари) е трет на листата. Но тој е најследен готвач на Инстаграм со 13,7 милиони следбеници. Шкотскиот готвач, познат по своето присуство на тв емисии, во текот на својата кариера доби седум Мишелин ѕвезди и поседува десетина ресторани.

4-ти на листата е Нобу Матсухиса, светски господар на суши. Роден во Јапонија, готвачот (кој има нето вредност од 200 милиони долари) беше и актер, глумејќи покрај Роберт Де Ниро, со кого отвори ресторан во Лос Анџелес. Денес е сопственик на империја со над педесет ресторани и хотели низ целиот свет.

Пионерот на француската нова кујна, Пол Бокус почина во 2018 година. Но, неговото богатство останува, со нето вредност што Money Inc ја проценува на 185 милиони долари, рангирајќи го на петото место. Неговиот водечки ресторан, „L’Auberge du Pont de Collonges“ во Франција  сè уште е отворен, но во 2020 година тој „падна“ од три на две Мишелин ѕвезди.

Рангирањето на Money Inc продолжува со индискиот готвач и ТВ ѕвезда Сањеев Капур (140 милиони долари), Томас Келер (150 милиони долари) кој е еден од седумте готвачи кои добиле три или повеќе Мишелин ѕвезди во САД и кој работел како консултант за Дизни / Пиксар на анимираниот филм Рататуј, ТВ-ѕвездата Рејчел Реј (100 милиони долари), а на деветтото место го наоѓаме Волфганг Пак (90 милиони долари), австро-американски готвач кој често е присутен на телевизија, додека на десеттото место е Емерил Лагасе (70 милиони долари), готвач кој го доживеа врвот на славата во 90-тите.

Рејчел Реј

Меѓу 20-те најуспешни готвачи во светот има само три жени. Рејчел Реј, Ина Гартен (60 милиони долари), кралица на рецептите на ТВ, посочена од Тајмс како една од 100-те највлијателни луѓе во светот и италијанско-американската готвачка Гиада Де Лаурентис (30 милиони долари) најпознат како домаќинка на програми за готвење на Food Network.

Слични објави

Астропрогноза за вторник, 30 април: Подарок од универзумот за Лавовите, важен ден за Овните

еспресо

Велигденско јајце-чувар на домот: Што да направиме со стариот чувар на куќата кога вапсаме ново „прво јајце“

еспресо

„Жена од султана“ побегна од својот роденден: Пејачката донела неочекувана одлука и веднаш морала да реагира

Еспресо

Принова кај познатата двојка: Петар Грашо и Хана Хуљиќ го очекуваат своето второ дете

Еспресо

(Фото) Македонката Татјана Јанушева блесна на престижна модна ревија во Франција

Еспресо

Синот на Цеца ја расплака нацијата: Вељко Ражнатовиќ се откажа од паричната награда, еве за кого одат 5000 долари

Еспресо
Се вчитува....