21.8 C
Скопје
21:33 - 21 септември, 2026

„Бевме две и пол години во врска, нè викаа убавицата и ѕверот“ – Светлана Црнокрак откри детали за врската со Благоја Грујовски

Светлана Црнокрак, познатиот модел, денес сопственичка на модното студио „Црнокрак“ на гостувањето во „Гламур“ се наврати на еден од најинтересните периоди од нејзиниот приватен живот. Во отворен разговор, таа ја потврди долгогодишната врска со популарниот фолк-пејач Благоја Грујовски.

Светлана откри дека во јавноста ги викале убавцата и ѕверот, а нивната романса се случила во период кога таа ја започнувала својата манекенска кариера.

„Јас бев тогаш во периодот на почетоците на мојата кариера, по тие избори, актуелна мисица, убавица… бев во врска со нашиот пејач Благоја Грујовски. И таа врска траеше, па не знам, можеби две и пол години. Бевме баш онака, во врска, бевме познати во јавноста и ете така, се погоди, како приказна од убавица и ѕверот“, откри Светлана Црнокрак.


Светлана и нејзиниот сопруг Мики важат за еден од најубавите, но и најстабилните парови на македонската естрада. Тие се запознале во деведесеттите години, токму преку манекенството, кога и двајцата ги чекореа своите први модни патеки.

Љубовта ја крунисаа со брак на 11 октомври 1997 година. Оттогаш, повеќе од 28 години, тие се неразделни партнери како во приватниот живот, така и во водењето на модното студио.

Од нивниот долгогодишен брак, Светлана и Мики имаат две ќерки. Постара ќерка е Моника Црнокрак (26). Таа веќе има изградено сопствено име во светот на убавината. Неодамна учествуваше на престижни избори за убавина, а на почетокот на 2026 година постигна огромен успех во Либан, каде што се закити со титула на изборот за „Мис Европа“.

Нина Црнокрак (15) е помалата ќерка која исто така покажува голем потенцијал и веќе има искуство со избори за убавина. Во минатото ја има освоено и титулата „Little Miss Planet“.

Слични објави

„Бев оставена на подот да искрвавам“: Јована Јеремиќ „удри“ по поранешниот Драган Станковиќ, сака да му се одмазди

Еспресо

Гола обожавателка го чекала Здравко Чолиќ во креветот: Пејачката ги откри деталите од скандалозната сцена

Еспресо

Некогаш немаа многу, денес заедно во Лондон: Слаткар отпатува со брат му Стефан

Еспресо

„Се молат мама и очувот“: Џина Џиновиќ се огласи по враќањето во Белград, една работа посебно ѝ падна тешко

E.A.

„Немам јас 11 години да ми наредуваш“: Жесток судир меѓу Карлеуша и Зорица Брунцлик во „Пинкови ѕвезди“

E.A.

(Видео) Тамара, Маријана и Росана, повторно заедно го отпеаја нивниот макфестовски хит од 1991 година

E.A.
Се вчитува....