12.8 C
Скопје
13:42 - 18 декември, 2024

БАЛОТЕЛИ ВО ЗАГОВОР НА МАЛОЛЕТНО ДЕВОЈЧЕНЦЕ: Сакала да му исцица пола милионче па го наместила за сексуална злоупотреба

Славниот фудбалер е ослободен од обвинението за сексуално насилство врз малолетно девојче кое, всушност, сакало да му изнуди пола милион евра!

Од зборовите на истражниот судија во Бреша кој ги поднесе обвиненијата за сексуално насилство за фудбалерот, поранешниот играч на Интер, Милан, Ница и Монца, Марио Балотели, излегува „заговор“ што го направила девојка и нејзиниот адвокат во врска со наводните злоупотреби пријавени од младата жена, што наводно се случиле во Ница во август 2017 година.

За овој „заговор“, кој сега го испитува Обвинителот на Виченца, сведоштво беше серијата телефонски повици што девојчето, извесно време подоцна, му ги направило на фудбалерот, а тој ги снимил. Оттука, судијата во Бреша ги навидува во одредбата со која го ослободува Балотели.

Отпрвин, младата жена, малолетна во тоа време (но таа му кажала на фудбалерот дека има 18 години, покажувајќи му документ), не го споменала насилството, туку се пожалила дека Балотели, по неколку вечери во Ница „ја запоставил“ („Јас сум будала што верувам во тебе“).

Потоа, постојат записи од истрагата која веќе го наведе Јавното обвинителство во Бреша да побара разрешување на случајот (но навредената страна се спротивстави), а тука беа во полза на фудбалерот и сведоштвото на поранешниот негов колеги од Ница, Дезмонд Куаси, како и Кевин Принц Боатенг, кои се сеќаваат на девојката која дошла со пријателка во ноќниот клуб „Хај“ во Ница, каде тимот ја славеше ждрепката со Ајакс и, кога се вратиле во хотелот во кој престојувале играчите, забележале „весел и забавен“ став од страната на Балотели кон младата жена.

Адвокатот на девојчето инсистирал од адвокатите на Балотели оштета од 500 илјади евра со образложение дека во спротивно веста ќе заврши во весниците. Односно, според истрагите, адвокатот се обидел да го реши прашањето без помпа, намалувајќи ја побараната сума од 500 илјади евра на 100.000, авансно. Сумата требала да биде исплатена на „навреденото лице“ (односно на девојчето).

Последниот збор на судијата е дека фудбалерот не е одговорен за сексуално насилство, напротив тој е жртва на обид за изнуда на пари.

„Балотели е многу задоволен особено од морална гледна точка, зашто обвинувањето го сметаше за клеветничко и неприфатливо. Жалиме за младата девојка која се покажа како алатка во рацете на бескрупулозните возрасни”, коментираат адвокатите на фудбалерот, Франческа Копи и Алесандро Москатели.

Слични објави

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova

(Фото) Адријана Лима се омажи: Mанекенката ја објави радосната вест и ги покажа бурмите

Еспресо
Се вчитува....