11.8 C
Скопје
02:07 - 27 септември, 2026

Ова е вистинското име и презиме на Дорис Драговиќ! Со години живеевме во заблуда

Хрватската музичка дива Дорис Драговиќ беше една од најпопуларните пејачки во поранешна Југославија, (и ден-денес е), а малкумина го знаат нејзиното вистинско име и презиме, пишува „Србија данас“.

Имено, нејзиното име е всушност Доротеја, додека Дорис било само прекар кој подоцна станал и уметничко име на пејачката која со својот глас ги урива сите бариери.

Причината не била ниту хир ниту тренд, туку свесна одлука да изгради уметнички идентитет кој ќе биде впечатлив, лесно да се памети и, што било најважно за неа лично – поинаков, различен.

Во неколку интервјуа, таа признаla дека името Доротеја ѝ звучело премногу сериозно за музичката сцена на која стапила на многу млада возраст.

„Дорис беше поедноставно, позвучно, а сепак доволно посебно. Не сакав да бидам клише, ниту по името, ниту по изгледот, ниту по музиката“, рекла пејачката во еден редок осврт на својата биографија.

Веќе долга низа години таа не се презива ниту Драговиќ, туку Будимир и тоа откако се омажила за ватерполистот Марио Будимир во 1990 година.

Хрватската пејачка Дорис Драговиќ откако го доби синот Борна, како плод на љубовта со ватерополистот Марио Будимир, потполно се посвети на семејството.

Дорис и Марио влегоа во брак во 1990, а оваа љубовна приказна трае до денес. Истата 1990., Дорис го роди синот Борна.

Малку се знаеше за приватниот живот на Дорис Драговиќ. Во еден момент, пејачката беше поврзана и со Здравко Чолиќ, меѓутоа, шпекулациите на таа тема престанаа кога самиот Здравко раскажа како дошло до тоа.

 

Слични објави

„Срам да ти е, таква жена да изневеруваш!“: Повозрасна госпоѓа го пресретнала Иван Босиљчиќ на улица и го навредувала

Т.Ц.

Понекогаш најважната промена ја забележува некој друг: Даниела почна да слабее, сакаше да се откаже, а нејзината ќеркичка ја потсети зошто треба да продолжи

Еспресо

Сузана Јовановиќ одби да зборува за односот со Лепа Брена: „Навистина не сакам, нема потреба“

Е.А.

Хана Хуљиќ конечно откри како се заљубиле со Петар Грашо: „Во тој момент и двајцата…“

Еспресо

„Тој е во сериозни финансиски проблеми“: Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ја продал вилата во Опатија, испливаа детали

Еспресо

Еве како изгледа ќерката на Тома Здравковиќ од првиот брак

E.A.
Се вчитува....