-2.2 C
Скопје
07:39 - 23 декември, 2024

Балашевиќ влегува во српските учебници: Песните „Девојку са чардаш ногама“, „Д-мол“ и „Дрвена песна“ како дел од музичкото образование во основно училиште

Познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ и официјално се најде во српските учебници по музичка култура за основно училиште. Од оваа година, неговата „Дрвена песна“ се најде во учебникот за осмо одделение, додека пак песните „Д-мол“ и „Девојка са чардаш ногама“ го најдоа своето место во одделенска настава.

Фановите на Балашевиќ со ентузијазам коментираат на социјалните мрежи дека песните на Панонскиот морнар заслужено стануваат дел од образованието.

Ѓорѓе Балашевиќ е еден од српските најголеми текстописци од областа на поп музиката, треба да му се даде значење и да се запознаат помладите генерации со неговото дело“, вели Маја Соколовиќ Игњашевиќ, една од авторите на учебникот за музичка култура на „Клет“.

Таа додава дека во учебникот се обиделе да вклучат популарна музика која е им е доволно позната на младите генерации.

Нашата цел беше да го приближиме Балашевиќ, но и други автори кои го задолжија нашето општество, пред младите. Во нашите учебници се појавуваат Шабан Бајрамовиќ, Ѓорѓе Балашевиќ и Здравко Чолиќ, како и бројни странски популарни бендови и автори. Во учебникот за осмо одделение, кој е одобрен и треба да биде објавен, има цело поглавје за популарната музика каде ги вклучивме сите жанрови на џез, блуз, поп, рок, хип-хоп“, вели Соколовиќ Игњашевиќ за „Еуроњуз Србија“.

Соколовиќ Игњашевиќ посочува дека е важно да се посвети еднакво внимание како на класична музика , така и на популарна музика и фолклорно-традиционална музика. Според нејзиното истражување за тоа како референците од популарната култура влијаат на децата како поттик за учење, се изведува доказот дека кога нешто се доведува поблиску до децата, тие стануваат помотивирани за учење.

Како поддржувач на оваа идеја, рок-критичарот Петар Пеца Поповиќ исто така се согласува дека дека Балашевиќ има заслужено место во учебниците.

„Ние во Војводина, Србија и на територијата на поранешна Југославија немавме неколкумина Балашевиќ, имавме само еден и како таков мислам дека заслужува место во учебниците. Заслужува повеќе простор, но мора да се започне со нешто. Неговото дело е толку многу големо, што допрва треба да се открие “, изјави Поповиќ за „Еуроњуз Србија“.

Наставниците по музичка култура исто така веруваат дека Балашевиќ заслужува да биде дел од материјалот во учебниците, бидејќи тој е дел од српскиот идентитет.

Александра Станковиќ, наставничка по музичко образование смета дека квалитетот мора да се издвои и да го најде своето место во учебниците. Таа нагласува дека покрај песните на Балашевиќ, учебниците исто така го обработуваат и делото на Бајага, преку неговата песна „Будење на раната пролет“.

„Учебниците сега вклучуваат не само класична музика, туку и популарна музика. Децата реагираат одлично кога се занимаваме со овие теми. На децата треба да им се даде избор, и тие сами да проценат што е добро. Ги коментираме текстовите на Балашевиќ и некои автори кои младите ги слушаат денес“, вели таа.

Во учебникот на „Клет“ за шесто одделение од 2019 година е застапена песната „Д-мол“ од Балашевиќ, учебникот за седмо одделение од 2020 година ја вклучи песната „Девојка са чардаш ногама“, додека пак оваа година „Дрвена песна“ стана дел од учебникот за осмо одделение.

Кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ почина на 19 февруари годинава како резултат на инфекција со корона вирус.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....