-1.2 C
Скопје
06:59 - 11 март, 2026

Бајага доживеал полесна сообраќајка по погребот на Бора Чорба

Денеска беше погребан српскиот музичар и фронтмен на групата „Рибља чорба“, Борисав Ѓорѓевиќ – Бора. Од легендарниот музичар се опростија членовите на семејството, пријателите, колегите и бројните обожаватели на неговата музика.

Меѓу насобраните беше и Момчило Бајагиќ – Бајага, кој заедно со членовите на неговиот бенд со трогателни зборови се прости од Бора.

„На 4 септември нè напушти нашиот сакан Борисав Ѓорѓевиќ, поет и рок мајстор… Драг наш Боро! Ти благодариме што беше дел од нашите животи, како пријател и деловен соработник. Секогаш ќе бидеш во нашите срца и сеќавања. Твоите сакани и вечно твои: Бајага, Жика, Локнер, Гане, Киќо, Сале, Кузма, Чукиќ и Зеко“, пишува во некрологот испратен од „Бајага и инструктори“.

Веднаш по погребот, како што пишува српски „Блиц“, Бајага и неговите колеги доживеале полесна сообраќајна несреќа.

„Тоа беше полесна сообраќајна несреќа. Не бев јас тој што го доживеа судирот, туку автомобилот пред нас. Се случи мала сообраќајна несреќа и фала Богу сите се добро. Нема повредени“, изјави познатиот музичар.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....