10.8 C
Скопје
22:35 - 3 април, 2026

Андријана Јаневска за годинашната Евровизија: Ме поканија да ја претставувам Македонија на Евровизија, добро е што не отидов

Минатата година, Македонската радио телевизија донесе одлука Македонија да не учествува на 68. издание на Изборот за песна на Евровизија што се одржа во Малме, Шведска.

„Ваквата одлука е во најдобар интерес на граѓаните, имајќи предвид дека Јавниот сервис идната година, со сите свои капацитети ќе се фокусира на одбележување на големиот јубилеј, 80 години Македонско радио и 60 години Македонска телевизија. Активностите за одбележување на големиот јубилеј ќе се одвиваат во текот на целата 2024 година“, гласеше во нивното соопштение до јавноста, објавено кон крајот на 2023 година.

Сега, откако заврши годинашното издание на Евровизија, пејачката Андријана Јаневска се огласи на темата и сподели дека ѝ било понудено да не претставува на овој музички фестивал, но дека одбила.

„Минатата година, тимот на МТВ ме покани да ја претставувам Македонија на Евровизија 2024 во Малме. Им одговорив дека со задоволство ќе прифатев да беше 2000 година, кога се натпреварував со ‘Твоето писмо моја библија’ или 2001 година кога на Скопскиот фестивал победив со ‘Носталгија’. Тогаш имав 20 години, кариерата ми беше во подем и имав желба да направам нешто за Македонија. Исто така, тоа беа времиња кога Евровизија сè уште важеше за некаков културно-уметнички натпревар помеѓу народите и кога секоја земја се натпреваруваше со песна на својот јазик.

Денес имам 42 години и се чувствувам исполнето, среќно и остварено на приватен и професионален план. Што се однесува до мојата желба да направам нешто за Македонија, тоа го направив преку докторскиот труд на кој работев девет години, со кој успеав да заштитам над 150 македонски народни песни во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, кои соседните држави претходно суптилно, а во последен период јавно почнаа да ги претставуваат како свои.

Благодарност до МТВ за укажаната можност, но, после ова издание на Евровизија, сметам дека донесов правилна одлука“.

Слични објави

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо
Се вчитува....