06:01 - 3 април, 2026

Ања Тејлор-Џој како Фуриоза во претпродолжението на „Лудиот Макс“: Се појавија првите фотографии од сетот

На социјалната мрежа „Твитер“ се појавија првите фотографии од претстојното претпродолжение на „Лудиот Макс“ под наслов „Фуриоза“, нудејќи им на обожавателите повторно поглед кон пусти земји со пост-апокалиптични постројки и возила својствени за овој серијал филмови.


Во петтиот дел од приказната ќе глуми младата и надежна Ања Тејлор-Џој како Фуриоза, т.е. помлада верзија на ликот на Шарлиз Терон од филмот што излезе 2015 година и освои шест „Оскари“. Актерот од Тор, Крис Хемсворт, исто така се приклучи на новиот проект, како главниот негативец.


Режисерот Џорџ Милер, кој го пишува и сценариото заедно со Ник Латурис, во неодамнешното интервју не откри многу подробности за филмот.

„Сѐ што можам да кажам за мојата возбуда и тоа што сега го правам е дека тоа е дефинитивно возбудливо, бидејќи иако секако е од светот на „Лудиот Макс“, има и многу разлики за кои зборуваме. Повторно, тоа е уникатно. И веројатно најголемата разлика е времето на приказната. „Лудиот Макс“ се случува во тек на три дена и две ноќи, а ова (новата приказна, б.п.) опфаќа распон од 15 години. Значи, тоа е вистиска сага“, појасни тој.

„Фуриоза“ се снима во Австралија и треба да се појави во кината на 24 мај 2024 година.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....