7.8 C
Скопје
01:03 - 20 октомври, 2026

Ана Николиќ за детството: „Никогаш не сум пушела марихуана, ама сум се тепала“

Пејачката Ана Николиќ неодамна откри детали од своето детство и однесување во младоста, опишувајќи се себеси како темпераментно и разиграно девојче, но и како личност која секогаш во себе носела доза традиционалност.

„Кога бев дете, не бев свесна колку сум немирна, ама бев одличен ученик – сите петки, освен единица по поведение. Никогаш не сум пушела трева, ама сум се тепала, сум правела циркус, бегала од часови и бев главен организатор на сите тие бегања. Мојот живот е сам по себе контроверзен“, изјави Ана.

Таа истакна дека во неа коегзистираат две страни.

„Од една страна сум традиционална, а од друга се трудам да одам во чекор со времето, ама некогаш ми оди тешко“, рече таа во емисијата „Премиера – викенд специјал“.

„Раста ги организира родендените, јас доаѓам како гостинка“

На денот кога нејзиниот поранешен сопруг Стефан Ѓуриќ Раста беше уапсен, Ана настапуваше во Црна Гора, а непосредно пред концертот проговори за некои детали од приватниот живот. Со Раста ја имаат ќерката Тара, која деновиве го слави својот осми роденден.

„Денес Тара има роденден, и веднаш по настапот со првиот авион се враќам за Белград, бидејќи потоа таа заминува на море. Трчав цел ден – потпишував овластувања, барав торти, кукли, некои чудовишта… Имам и јас свои проблеми“, изјави Ана низ смеа.

Таа додаде дека годинава роденденот го организира Раста.

„Тортата лично јас ја избрав, не Раста. Секоја година се договараме кој ќе го организира роденденот. Повеќето пати јас сум правела журки, ама тој си ги запиша бројчињата од организаторите, па сега тој ги прави, а јас доаѓам како гостинка. Денес ѝ купив фустанче, чевлички, машничка… Тара е иста јас“, изјави пејачката за „Блиц“.

Раста уапсен во Охрид

Како што објави „Курир“, Раста е уапсен на улица во Охрид, непосредно пред настап, поради тоа што на јавно место пушел марихуана. Полицијата веднаш му ставила лисици, потврдуваат извори за медиумот.

Ова не е првпат реперот да има проблеми со законот. Во 2020 година беше уапсен со пет грама марихуана, а при претрес на неговиот стан беше пронајдена и поголема количина сканк. По сослушувањето во Вишото обвинителство во Белград му беше одреден притвор од 30 дена, а заедно со него беше приведено уште едно лице кај кое бил пронајден кокаин.

„Мислеше дека законот не може ништо да му направи додека користи лесни дроги за лична употреба, па не се ни плашеше. Но, полицијата не го пропушти неговото безгрижно однесување и објавите со марихуана“, тврдел тогаш извор за медиумите.

По излегувањето од притвор, Раста беше во куќен притвор три месеци.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....