5.8 C
Скопје
01:31 - 21 февруари, 2026

Ана Николиќ во солзи му се обрати на Рале: „Зошто го направи тоа, сè ме боли!“

Пејачката Ана Николиќ јавно му се обрати на својот поранешен партнер, композиторот Горан Ратковиќ – Рале, откако претходно го пријави во полиција за насилство и покажа модрици и лузни на телото.

По низа јавни препукувања и изјави од двете страни, Николиќ објави уште едно видео во кое не може да ги сопре солзите. Во моментов, тоа видео е избришано од социјалните мрежи.

„Зошто?! Зошто, зошто, бре? Зошто го направи тоа?! Сè ме боли. Ми игра желудникот, чувствувам дека правиш будала од мене. Зошто, Рале? Зошто го уби сето?“, викаше низ плач пејачката.

Николиќ нагласи дека причината за последниот конфликт е „лажна шминкерка“.

„Јас бегав од дома, не сакав да седам, а господинот во 5.30 ми рече: ‘Еве нова прилика’, откако сами му се нудат некои шминкерки. Го избриша бројот од Инстаграм, ги брише пораките, а под нив само пишува ‘договорено’… Договорено ли е? Еве, договорено ти е засекогаш! Погребна опрема ти стига!“, порача пејачката.

Композиторот пак, својата верзија ја сподели за српскиот „Курир“. Според него, кавгите со пејачката започнале по настап во Босна.

„Седнав да купам запалка на една бензинска. Додека бев внатре, Ана седна на возачко место, даде гас и замина. Раката ми ја откина кога тргна. Мораше обезбедувањето да ја следи, а јас да повикам некој од Белград да ме земе“, раскажа Рале, тврдејќи дека пејачката потоа измислувала приказни дека тој возел пијан и ја оставил сама.

„Тоа се филмови. Сите знаат дека јас сум искрен човек, никогаш не сум калкулирал. Ама, кога Ана ќе исплаче пред луѓе, сите веруваат во нејзината верзија“, додаде композиторот.

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....