07:49 - 7 ноември, 2026

Ана Николиќ го откажа настапот во Будва, Рале доживеал нервен слом: „Поради непредвидени околности…“

Пејачката Ана Николиќ, која ова лето настапуваше со полна пареа низ целиот регион, реши да направи кратка пауза и побара од нејзиниот партнер и продуцент Рале да го откаже настапот во Будва закажан за 18 август. Ова предизвикало жестока кавга меѓу нив двајца.

Според близок извор, Ана последниот месец имала претежок распоред, со концерти во Црна Гора, Хрватска, Босна, каде настапувала пред преполни клубови. Поради тоа, таа почувствувала замор и му рекла на Рале дека мора да запре. Тој, пак, се налутил бидејќи сè било одамна закажано и договорено, па се скарале жестоко.

„Кога Ана нешто ќе реши, нема сила што може да ја предомисли“, коментира изворот, додавајќи дека моментално не разговараат.

Ана веќе настапи во истиот клуб на 12 јули и тогаш урна рекорди на посетеност, па поради големата побарувачка беше договорен уште еден датум. Но, непосредно пред патувањето за Црна Гора, таа сè откажала. Сопствениците на клубот морале да им вратат пари на гостите кои веќе направиле резервации.

На официјалната страница на клубот се појави објава: „ОТКАЖАНО! Поради непредвидени околности, се извинуваме на сите гости“.

Инаку, ова не е првпат Николиќ да предизвика скандал со задоцнување или откажување. На еден претходен настап доцнела скоро два часа.

Во својата изјава за телевизија „Пинк“, Ана додала со доза на сарказам: „Мене сезоната ми е топ. Рале е со мене, ама тоа не значи дека сè е во ред. Кај нас никогаш ништо не е во ред, а сепак е во ред. Тој ми е и соработник и партнер, ама не е добар ни како едното ни како другото. Сепак, го сакам, па затоа и не можам да го сменам. Кога ќе престанам да го сакам – ќе го сменам“.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....