14:30 - 1 ноември, 2026

Алка Вуица се прости од Мишо Ковач со емотивна порака: „Жал ми е што не ти напишав повеќе песни“

Хрватската пејачка и текстописка Алка Вуица се прости од легендарниот Мишо Ковач, кој почина на 85-годишна возраст. На социјалните мрежи објави нивни заеднички фотографии и сподели емотивна порака во која се присети на нивното пријателство и музичката соработка.

Вуица откри дека средбите со Мишо секогаш биле исполнети со силни емоции. Како што раскажала, пејачот речиси секојпат се расплакувал кога ќе ја прегрнел, а особено ѝ бил благодарен за песната што ја напишала за него.

„Жал ми е што не ти напишав повеќе песни и што едноставно не живеев во твоето време“, напиша Алка во прошталната посвета.

Таа се присети и на почетокот на нивната музичка соработка. Ги поврзал заедничкиот пријател Зринко, кој ја поканил да учествува во создавањето на еден од албумите на Ковач.

Така настанала песната „Bog mi daje, Bog mi uzima“, која, според нејзините зборови, Мишо многу ја сакал. Вуица објаснила дека песната му била особено драга бидејќи била напишана искрено, од срце.

Токму оваа композиција ја избра како музичка подлога за објавата со која му оддаде последна почит.

„Патувај, легендо, во подобри светови, на небесните полиња каде што веќе те чекаат фанфари и ангели, предводени од твојот сакан син. Овде сите те сакаме и се молиме за твојата душа“, порача Вуица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alka Vuica (@alka.vuica)


Мишо Ковач почина на 31 октомври, на 85-годишна возраст, во својот дом. Според најавите, последното испраќање на легендарниот пејач ќе се одржи во Сплит, додека ќе биде погребан во Загреб.

Слични објави

Почина Мишо Хрњак, басистот на легендарната „Азра“ — неговата музика одбележа генерации

К.С.

(Фото) Билјана Дебарлиева прослави 32 години брак со сопругот Јован — нивната љубовна приказна започна во Охрид

К.С.

Почина Мишо Ковач — никогаш не ја преболе смртта на синот Еди, кој имаше само 16 години

К.С.

(Фото) Во црно од глава до пети – Северина го врати модниот хит од 80-тите

Еспресо

Луна Ѓогани искрено за бракот и лошите искуства: „Марко ми ја виде душата, а остана со мене и покрај сите мои маани“

E.A.

(Видео) Жаре од „Еден на еден“ се присети на Тоше Проески: „Таква енергија не можеш да опишеш со зборови“

К.С.
Се вчитува....