11:14 - 5 ноември, 2026

Ален Исламовиќ од рок-ѕвезда до агробизнисмен: На плантажа со лешници заработува и извезува низ Европа

Ален Исламовиќ, еден од најпопуларните изведувачи на Балканот и поранешен пејач на „Бијело дугме“, последниве години го забави темпото кога станува збор за настапите. Наместо на сцена, сега често може да се најде на неговата плантажа со лешници.

На пространо имање во Бихаќ, Ален засадил плантажа со лешници, а веќе во 2020 година почнал да ги бере првите плодови.

Пејачот нагласува дека неколку големи европски компании се воодушевени од неговиот производ, па така има можност да извезува лешници во Швајцарија и Германија.

„Тоа што го засадив се најдобрите и најсладоките сорти во Европа. Овие се многу крупни лешници. Сортата успеа, ги пласирам на пазарот и се надевам дека приносот ќе се зголеми. Тоа е бизнис на иднината, го препорачувам на сите. Сè се користи од ова растение“, раскажа Ален.

На прашањето дали некој од колегите го контактирал во врска со бизнисот, Ален откри:

„Да, еден од првите беше Горан Бреговиќ, пред околу четири години. Веднаш побара да му пратам две-три стебла, вели – има верверици“, раскажа тој во едно гостување.

„Сопругата наследи дел од земјата во Бихаќ, а дел купив. Размислувавме што би можеле да засадиме, а анализата на почвата – без која не можеш да започнеш – покажа дека песокливото тло е совршено за одгледување лешници. Реката Уна е на само неколку чекори, и очигледно тука некогаш имало нејзино езеро, па затоа тлото е толку погодно. Истражувавме што можеме да садиме, иако за лешниците дотогаш ништо не знаев, освен што како дете доаѓав тука да ги берем“, изјави Ален за хрватските медиуми.

Слични објави

Николина Пишек му одговори на Миша Гроф: „Сè уште не сум почнала да ја кажувам вистината за нив, допрва ќе почнам“

Еспресо

(Фото) Мина Костиќ целосно го промени изгледот по тешкиот период: „Повторно оживеав“

Еспресо

Што да јадете за подобра меморија? Овие намирници можат да помогнат во зачувувањето на здравјето на мозокот

К.С.

(Видео) „Ѕвона ѕвонат“ – љубовната балада на Љупка Димитровска и по 36 години буди спомени

Т.Ц.

Хороскоп за 5 ноември: Скорпиите треба сериозно да се посветат на работата

Еспресо

Дали сте во врска во која полека се губите себеси? Овие 8 знаци откриваат дека љубовта ве исцрпува

К.С.
Се вчитува....