6.6 C
Скопје
03:54 - 1 април, 2026

Александра Пријовиќ за породувањето издвоила 400.000 динари: Еве што добила во најлуксузната приватна болница во Србија

Пејачката Александра Пријовиќ го роди своето второ дете во најскапата и најмодерна приватна клиника во Србија, каде што за породувањето издвоила 400.000 динари.

Цената вклучувала апсолутна приватност, раскошен апартман од највисок ранг, ангажирање на најдобриот анестезиолог и цел медицински тим специјализиран за најсложени породувања.

– На Александра ѝ беа најважни комфорот, приватноста и стручноста. Сакавме да се породи во мир, без притисок од јавноста, опкружена со најдобрите лекари. Долго размислувавме во која болница ќе се роди и на крај изборот падна на новоотворената клиника во едно елитно белградско маало. Цената е висока, но Прија работела, заработила и може да си го дозволи најдоброто – открил извор за медиумите.

Сопружниците за ќерката го избраа името Арија.

Името Арија е често во Индија и во персискиот јазичен простор, каде значи „племенито“, „чесно“ или „чисто“. Во Европа, Арија е женско италијанско име што се преведува како „зрак“, а меѓу музичарите е познато и по значењето „звук“.

Сосема е извесно дека гордите родители сакале нивната принцеза да носи име што е препознатливо насекаде во светот, но и во склад со името на нивниот син Александар – и двете почнуваат на буквата А.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....