9.8 C
Скопје
18:19 - 26 октомври, 2026

(ВИДЕО) ЗМИИТЕ СЕ ГОСПОДАРИ НА ОРГИИТЕ: До сто партнери одеднаш, а некои од нив женката ги јаде

Знае да собере до 100 змии одеднаш, сите мажјаци околу една женка, а потоа таа избира.

Кога Хесус Ривас, според Би-Би-Си, извадил женска анаконда од оргија на змии за да ја проучува, тој бил изненаден. Телото на Анакондата покажало дека е полна со храна, па Ривас чекал додека не повратила. Змиите често го повраќаат оброкот ако се прејадуваат или се под стрес, за полесно да избегаат. Но, наместо типичен плен, од неа излегла опашка од змија.

– Тоа беше анаконда, поточно мажјак. Женката го изела мажјакот, еден од нејзините последни партнери, што е феномен познат како сексуален канибализам – вели Ривас, херпетолог од Ново Мексико.

Порано научниците мислеа дека женските змии се подредени за време на сексот, но сега се покажа дека тие имаат поактивна улога. Ривас смета дека ваквата претпоставка е последица на фактот што самите истражувачи се претежно мажи. Женските змии се физички поголеми, па не е изненадување што тие можат да ги совладаат дури и да ги проголтаат своите партнери. Кај многу животни, мажјаците се поголеми од женките, но кај повеќето змии тоа е поинаку.

Исто така, докажано е дека женските змии не мора да бидат само со еден партнер, додека мажјаците генерално се држат само со една женка.

Ова се објаснува со фактот дека мажјаците трошат многу повеќе енергија и потрагата по други жени би претставувала огромно и ирационално осакатување. Една од идеите зошто женките го развиле овој начин на парење е женките да добиваат хранливи материи преку спермата на мажјаците.

Слични објави

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо

„Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Естетиката на машкиот стил низ спојот на класиката и современите трендови во бутикот „Капитол“

Еспресо

(Фото) Сузана Турунџиева сподели фотографии со внукот Јаков: Моменти за кои се живее

Еспресо

Денеска е полна Месечина во Бик — четири хороскопски знаци ќе бидат особено чувствителни на промените

К.С.

(Фото) Фотографија од Николина Пишек гола, изложена во Загреб: „Денот кога станав музејски експонат“

Еспресо
Се вчитува....