5.8 C
Скопје
05:38 - 1 април, 2026

Скопска домашна мачка си го споделува ручекот во својот дом со мачка „уличарче“: СЛАТКО ВИДЕО ЗА СОЛИДАРНОСТА И СПОДЕЛУВАЊЕТО ОД КОЕ ТРЕБА ДА НАУЧИМЕ! (ВИДЕО)

Со ова нежно видео сигурно треба да си се запрашаме до кај сме ние со човечката солидарност, грижа и споделување.

Уна е вдомена мачка, земена од скопските улици, и со многу љубов од Наташа трансформирана во добродушна и – очигледно – широкодушна мачка.

Од неодамна, Уна си има (непоканета, ама добредојдена) гостинка – улична мачка која редовно ѝ доаѓа за време на ручек.

И, ај погодете што прави тогаш Уна? Како вистинска домаќинка ја допраќа мачката гостинка до своето чинивче и ѝ го препушта својот ручек, па макар и самата таа останала гладна. Па уште и нежно со главчето ја допира како да сака да ѝ каже: „ајде, ручај си миличка, убаво најади се, слободно изеди сè“.

Со ова нежно видео сигурно треба да си се запрашаме до кај сме ние со човечката солидарност, грижа и споделување.

Ј.К.Д

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....