3.8 C
Скопје
10:17 - 21 декември, 2024

Месечен хороскоп

Igor

Овен

Елемент - оган; Планета - Марс; Ден - вторник; Боја - црвена; Камен - дијамант, топаз; Среќни броеви - 5, 9; Судбинска мисија - да раководи и да е секогаш на врвот; Ѕвездите ќе ви помогнат да постигнете стабилност во животот и хармонија во врската. Не губете време да ги барете туѓите грешки. Одложете го потпишувањето на бизнис договори, како и стапувањето во брак поради ретроградниот Меркур. Јули не е поволен за промена на работното место. Од 1 до 18 јули ќе имате одличен период за романса, одмор и забава. Критичен период од 22 до 24 јули.

Бик

Елемент - земја; Планета - Венера; Ден - петок; Боја - жолта, црвена; Камен - смарагд; Среќни броеви - 6; Судбинска мисија - да им ја пренесе на луѓето умешноста да му се радуваат на животот; Периодот од 8 јули до 1 август е критичен за нови почетоци на кое било поле. Не им верувајте премногу на пријателите бидејќи е можно да изгубите многу пари. Внимавајте на предлозите за инвестиции надвор од вашата земја. Ве очекуваат проблеми на личен план. Можни се проблеми со здравјето. Критичен период од 24 до 27 јули.

Близнаци

Елемент - воздух; Планета - Венера; Ден - петок; Боја - зелена; Камен - опал; Среќни броеви - 6, 24; Судбинска мисија - да го откријат своето вистинско место во животот. Да им даваат топлина и радост на луѓето; Јули ви носи материјална стабилност. Судбината повторно ќе ви подаде рака за да си осигурите спокојни денови до крајот на годината. Месецов пред вас стојат нови можности за дополнителна работа, но внимавајте поради ретроградниот Меркур може да претрпите емоционален стрес. Критичен период од 1 до 9 јули.

Рак

Елемент - вода; Планета - Месечина; Ден - понеделник; Боја - портокалова и жолта; Камен - бисер; Среќни броеви - 1, 2, 7, 18; Судбинска мисија - да се научи да ги прифаќа луѓето такви какви што се; Месецов ќе се стремите кон нови познанства, кои за вас ќе завршат само како кратка авантура. Мој совет е да се откажете од тие ваши авантури бидејќи Меркур е ретрограден до 1 август. Ви советувам и многу да внимавате со ризиците во личниот и службениот живот. Погрижете се да ги смирите поривите. Од 1 јули до 18 август избегнувајте импулсивно трошење пари. Критични периоди од 2 до 4 јули и од 29 до 31 јули.

Лав

Елемент - оган; Планета - Сонце; Ден - недела; Боја - златна и жолта; Камен - тигрово око, килибар; Среќни броеви - 1, 10, 19, 28; Судбинска мисија - да постигнете слава, да бидете лидер и водач, да обезбедувате заштита; Месецов Меркур ви ги ограничува можностите за нови договори и нови инвестиции. Емоцијата ќе преовладува над разумот. Внимавајте на вашата емоционална реакција при разговорите кои ви престојат, бидејќи може скапо да ве чини. Можете да влезете во конфликт со блиски роднини без ваша вина. Од вас ќе се бара да ја неутрализирате негативноста и да си го ослободите патот. По 19 јули обрнете повеќе внимание на вашето тело и на здравјето. Критичен период од 4 до 6 јули и 31 јули.

Девица

Девица Елемент - земја; Планета - Меркур; Ден - среда; Боја - кафена; Камен - ахат; Среќни броеви - 3, 5; Судбинска мисија - да верува во себе, да биде перфекционист; Месецов ве очекуваат нови можности кои треба да ги зграпчите. Потпрете се на интуицијата. Внимавајте на инвестициите и на склучување нови договори. Ќе имате можност да обновите пријателство со пријател од минатото. Може ќе добиете понуда за нова попрестижна работа, но договорот потпишете го во август. Критичен периоди од 6 до 8 јули.

Вага

Елемент - воздух; Планета - Венера; Ден - петок; Боја - зелена; Камен - опал; Среќни броеви - 6, 24; Судбинска мисија - да го откријат своето вистинско место во животот. Да им даваат топлина и радост на луѓето; Овој месец можете да потпишувате договори до 6 јули. Од 8 јули до 1 август кога Меркур е ретрограден внимавајте со инвестирањето. Најдете време да ги разјасните причините за лошиот однос со роднините. Ве советувам да ја трансформирате кармата во неутрална. Кон крајот на месецот можно е да се појават проблеми со шефовите и во професионалниот живот. Периодот од 1 јули до 18 август е поволен за одмор и спортување. Внимавајте на конфликти во професионалната средина. Критичен период од 6 до 8 јули.

Шкорпија

Елемент - вода; Планета - Марс и Плутон; Ден - вторник; Боја - индиго; Камен - опал; Среќни броеви - 5, 13 Судбинска мисија - да дарува сила и храброст, да биде силен и упорен, да се соочува со опасности и да не се плаши од нив; Потпрете се на интуицијата и обезбедете си финансиска стабилност до 8 јули. Овој месец ќе имате тешкотии на емоционален план. Внимавајте да не придонесете за раскинување на врската или дури и за развод на бракот. Никој нема да ви биде виновен ако не успеете да ги контолирате емоциите. Поради големата емоционалност сами си создавате проблеми. Периодот од 1 до 18 јули ќе ви биде поволен за одмор и забава. Критичен периоди од 10 до 12 јули.

Стрелец

Елемент - оган; Планета - Јупитер; Ден - четврток; Боја - сина; Камен - тиркиз, рубин; Среќни броеви - 7; Судбинска мисија - да ја враќате вербата кај луѓето; До 7 јули концентрацијата ќе ви биде одлична, а потоа ретроградниот Меркур ќе ви донесе потешки моменти на професионален план. Примете ги тешкотиите како предизвик и можете да си обезбедите стабилни приходи. 2019 година е година во која ќе станете посилни и посреќни, бидејќи Јупитер ќе ви овозможи нови победи. Ги враќате ентузијазмот и оптимизмот кои се ваши карактерни црти. Во јули ќе бидете поемоционални, а можни се и конфликти со членови од семејството. Критичен период од 12 до 14 јули.

Јарец

Елемент - земја; Планета - Сатурн; Ден - сабота; Боја - кафена, индиго; Камен - корал, гранит; Среќни броеви - 4, 8, 9 Судбинска мисија - научете се да не живеете во својот замислен свет. Играјте ја определената улога во реалниот живот; Насочени сте кон нови познанства, кон големи планови, но ви советувам да почекате до август за да не се разочарате од неуспехот што можете да го доживеете. Не брзајте да донесете важни одлуки на деловен или на финансиски план. Ќе добиете понуда за промена на работното место, но не ја прифаќајте до 1 август. Внимавајте на судски процеси. Периодов не започнувајте нови врски, бидејќи тие ќе бидат осудени на неуспех. Критичен период од 14 до 17 јули.

Водолија

Елемент - воздух; Планета - Уран; Ден - сабота; Боја - темно сина; Камен - аметист, сафир; Среќни броеви - 4, 8, 9, 10, 11 Судбинска мисија - прават чуда, да направат од невозможното возможно. Да ги учат луѓето на човекољубие; Месецов ќе бидете подготвени да започнете многу работи на личен и професионален план, но ви советувам тоа да го направите до 6 јули или да ги оставите за август, кога Меркур нема да биде ретрограден. Јули ви носи и тешкотии во семејните односи. Обрнете внимание на начинот на исхрана. Критичен период од 17 до 19 јули.

Риби

Елемент - вода; Планета - Нептун; Ден - четврток; Боја - виолетова, црна; Камен - тиркиз, аметист; Среќни броеви - 3, 10, 11; Судбинска мисија - да им служат на луѓето; Промените што сте ги планирале треба да почекате да ги реализирате до 1 август, кога ќе помине ретроградниот Меркур. Големите деловни промени и склучувањето на договорите оставете ги за во август. Овој месец не прифаќајте преместување на работното место или работа во друга држава. Периодов не е поволен за операции. Критичен период од 19 до 22 јули.